Со помалку шеќер до подобро здравје

828

Возрасните и децата мораат да го намалат количеството на шеќер кое го внесуваат секојдневно и кој е скриен секаде, од соковите до доматниот сос и медот, со цел да се намали ризикот од дебелеење и проблеми со забите, се препораките на Светската здравствена организација (СЗО).

СЗО издаде насоки според кои количеството на внесен шеќер треба да изнесува помалку од 10 отсто дневно внесување на калориите, околу 50 грама или 12 лажички за возрасните.

– Имаме силни докази дека одржувањето на внесувањето слободен шеќер на помалку од 10 отсто од вкупното внесување на калории го намалува ризикот од прекумерна тежина и проблеми со забите, потенцира доктор Франческо Бранка, директор на Одделот на СЗО за исхрана.

loading...

Намалувањето на внесувањето шеќер под пет отсто би било уште подобро решение, сметаат експертите.

Белиот шеќер не содржи витамини и минерали

Познато е дека белиот шеќер не е добар за забите, но постојат и многу посериозни проблеми кои доаѓаат со неговото консумирање. Постојаното консумирање на шеќер е главна причина за прекумерна телесна тежина, за остеопороза, за послабо функционирање на одбранбениот организам и за појава на кардиоваскуларни заболувања. Губиток на концентрација, депресија, вознемиреност, анксиозност, хиперактивност (посебно кај малите деца) па дури и агресивност и насилно однесување се пореметувања кои се поврзуваат со повеќегодишното консумирање на шеќерот.

bel-seker

Факт е дека шеќерот дава само празни калории и дека не содржи витамини и минерали, кои му помагаат на телото да се одржи во добро здравје.

Белиот шеќер не само што не ги содржи витамините и минералите, туку тој предизвикува и губење на некои од нив. Така на пример, шеќерот предизвикува губиток на хром од организмот, па телото треба овој минерал да го извлекува од своите резерви. Истото се случува и со калциумот, фосфорот и железото. Со консумирање на бел шеќер слабее и контролата на нивото на шеќерот во крвта. Во екстремни случаи може да доведе до развој на дијабетес.

Решение не е ни кафеавиот шеќер бидејќи, иако содржи нешто минерали, тој во организмот се разградува исто како и белиот шеќер. Затоа, се препорачува да се користи само повремено и умерено.

Ако во исхраната се користи бел шеќер – сахароза, значителен дел од сахарозата не се разградува до прости шеќери, туку останува неискористена и како таква директно влијае на зголемувањето на мастите во организмот.

Вишокот на масти во организмот доведува до различни оштетувања на органите и до појава на многу болести. Со други зборови, со користење на бел шеќер може да дојде до оштетување на панкреасот, до појава на шеќерна болест, кариес кај децата, развој на кардиоваскуларни заболувања, пораст на триглицеридите во крвта, зголемување на крвниот притисок и друго.

Шеќерот често доаѓа прикриен

prikrien-seker

Најголем проблем е тоа што шеќерите се многу добро скриени во многу намирници. Имено, иако шеќерот е сладок, речиси и да нема солена храна која може да се купи во продавница, а да не го содржи овој „отров” . Лебот, слатките и солени печива, супите, сосовите и тестенините се полни со шеќери, но луѓето често забораваат на тоа.

Ако сакате да внесувате што помалку шеќер во вашиот организам треба да ги избегнувате следните намирници:

  • Бело брашно

Рафинираното бело брашно одамна е прогласено за еден од најголемите непријатели на витката фигура. Белото брашно е прост јагленохидрат, кој вашиот организам го апсорбира подеднакво брзо како шеќерот. А со брзата апсорпција доаѓа и желбата да се изеде повеќе бидејќи шеќерот веднаш оди во крвта, па ние не чувствуваме ситост како што би чувствувале доколку конзумираме храна богата со растителни влакна и протеини. Затоа, се препорачува колку што е можно да се избегнуваат сите видови на теста од бело брашно – леб, кифли, макарони, крекери … Модерното бело брашно содржи протеин глијадин кој го поттикнува доброто чувство (слично на среќа) и го поттикнува апетитот.

  • Бел ориз

Процесот на рафинирање од обичниот ориз прави обичен јагленохидрат, кој се однесува исто како и брашното. Истражувањата покажале дека секојдневното консумирање на оваа намирница, која инаку се смета за здрава, го зголемува ризикот за појава на дијабетес за 11 проценти.

Затоа, обидете се секогаш да јадете кафеав ориз, кој е богат со растителни влакна, бавно се вари и дава чувство на ситост.

  • Овошен сок

Бидејќи не содржат ниту влакна ниту протеини, овошните сокови многу брзо се апсорбираат и го подигнуваат нивото на шеќер во крвта. Освен тоа, често имаат и додадени шеќери, па треба да се биде многу внимателен со овие „здрави“ сокови.

  • Газирани пијалоци

Без оглед на тоа дали содржат шеќери или вештачки засладувачи, газираните пијалаци немаат никаква хранлива вредност. Тие се главно само хемиски коктели збогатени со бои и вештачки ароми.

Иако можеби мислите дека желбата за слатко може да ја задоволите со „лајт” верзијата на соковите, вистината е спротивна. Овие пијалаци се многу послатки отколку оригиналната верзија со шеќер, и само може да ја зголемат вашата желба за слатки.

Едно истражување кое траело 10 години покажало дека половината се зголемила за 70 проценти повеќе кај луѓето кои пиеле газирани пијалаци, отколку оние кои не ги консумирале.

  • Вештачки засладувачи

Иако вештачките засладувачи со години се рекламираат како спас за луѓето со дијабетес, новите истражувања покажуваат дека тие подеднакво лошо влиијаат врз нивото на инсулин и шеќер во крвта. Кога рецепторите во устата ќе почувствуваат сладок вкус, тие испраќаат сигнал до мозокот за да се подготви за доаѓањето на шеќер. Телото реагира така што излачува инсулин и ги претвара шеќерите во масти. Без оглед на фактот што вештачкиот засладувач не е шеќер, вашето тело реагира на ист начин и со редовна употреба може да доведе до тоа вашето тело да почне да апсорбира повеќе шеќер.

vidovi-na-seker

Главен извор на квалитетен шеќер би требало да бидат житариците, коренестиот зеленчук и овошје и нивните производи. Квалитетната и разновидна исхрана, овошјето и зеленчукот, секако, можат да помогнат во намалувањето на желбата за шеќер.

За разлика од белиот шеќер, медот е извонредна храна, која по својот состав во целост одговара на физиолошките потреби на човечкиот организам и во многу случаи може да биде корисна замена за белиот шеќер.

loading...