Со потење исчезнуваат минералите | Намалувањето на магнезиумот предизвикува аритмија

858
Booking.com INT

Ако загубата на електролити е премногу голема, тоа може да предизвика нарушување на нормалната работа на срцето и висок крвен притисок. Недостатокот на магнезиум може да предизвика срцева аритмија.

Bitcoin Exchange CEX.IO

Со зголемено потење за време на вежбањето губиме вода и електролити, кој вклучува и магнезиум, кој го губиме и до 20 %, па затоа е важно да се надомести. Ако загубата на електролитите е преголема, тоа може да предизвика нарушување на нормалната работа на срцето и висок крвен притисок. Недостатокот на магнезиумот може да предизвика слабост, гадење, тремор, напади и срцева аритмија.

Природни извори на магнезиум се зелен лиснат зеленчук, јаткасти плодови, сусам, семки, риба, банани, овес, мешунки и авокадо.

green leafy vegetable-001

Ако правите редовна и умерена физичка активност, се препорачува да ги воведете редовно во исхраната. Дополнување на магнезиумот се препорачува за спортисти, но во форма на мултивитамински препарати може да го внесе и рекреативен спортист – објаснува нутриционист Наташа Шоштариќ

Се препорачува здрав пијалак после вежбање. За да се подготви пијалак потребни се половина банана, чаша лисја од спанаќ, 1 лажичка сусам, 1 лажичка мед, 1/2 чаша јогурт и половина чаша вода кои се ставаат во блендер, се меша добро и се пие свежо. Но, многу е важен и калиумот.

банан спанаќ чиа-001

Бидејќи, мускулите се движат за време на вежбање, калиумот во нив постепено се губи. Тој нѝ е потребен за правилно да се ослободи енергијата, отчукувањата на срцето и движењето на сварената храна. Во организам никогаш не се зема самостојно, без контрола на лекар, па затоа е најбезбедно да се надомести со храна. Добри извори на калиум се сок од домати, банана, посно месо, зеленчук и мешунки. И цинк, кој е складиран во мускулите и коските, се губи преку потење, па затоа е важно да се јадат џигер, црвено месо, јајца, грав и мешунки.

Со витамин Ц не претерувајате

На активните лица им се препорачува доза на витамин Ц, дури и до 1000 mg, а витаминот Е се пие во дози од 400 IU. Витаминот Ц е моќен антиоксидант кој со витаминот Е го поддржува имунолошкиот систем. Витаминот Ц се раствора во вода, вишокот се излачува преку потење или мокрење, па затоа не треба да се плашиме дека ќе претераме со неговиот внес, вели нутриционистот Мариќ Булат.

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...