Со 3 се плашат од вештерки, а со 5 од страшни приказни

1638

Развојните стравови се дел од емоционалниот развој на секое дете. За да се справи успешно со своите стравови, битно е родителите да не ги негираат, туку да им бидат поддршка во борбата …

Грмотевица, темница, вештерки, чудовишта, духови и многу други застрашувачки суштества кои би можеле да живеат во затемнетиот агол од собата предизвикуваат страв кај децата од предучилишна возраст.

Стравот е еден од основните чувства, својствен на секое битие, а специфичен е по тоа што има одбранбен карактер и еволуцијски е исклучително важен. Кога детето ќе го обземе стравот, тоа ќе настојува свесно или несвесно да се брани од она што мисли дека му е закана.

loading...

Кај децата постојат различни развојни стравови кои се нормални за одредена возраст, а со секоја развојна фаза врзани се специфични стравови. Функцијата на стравот во нашите животи е да ни овозможи преживување и да се избегне потенцијална опасност. Децата се креативни и понекогаш им е многу тешко да ја сфатат линијата меѓу фантазијата и реалноста.

– Некои стравови се појавуваат во одредена возраст на детето, а поврзани се со развојните фази. Тие се појавуваат и исчезнуваат и се дел од емоционалната зрелост на детето. Првиот страв е од одвојување и губење на сигурност и страв од непознати луѓе, кој се појавува во првата година од животот. Врв достигнува на возраст од 18 месеци, а од третата година постепено се намалува – објаснува психологот.

Периодот меѓу втората и шестата година во литературата се нарекува доба на стршливост. Во третата година детската фантазија се развива, па се измислуваат суштества, вештерки, чудовишта …

По третата година детето може да вербализира од што се плаши, па полесно е да му се помогне. Околу четвртата година се појавува страв од темница, а околу петтата постепено исчезнуваат стравовите од чудовишта, но се зголемуваат оние од реални и конкретни опасни ситуации, како што се повреди, смрт или касање од куче.

– Во шестата година децата се плашат од застрашувачки приказни, се појавува страв по гледање филмови или цртани кога децата не сакаат да бидат сами во собата, не сакаат да спијат сами, се јавува страв за родителите, да не им се случи нешто, и стравот од смртта – објаснува психологот.

Родителите, на децата кои поминуваат низ развојните стравови, мора да им дадат поддршка и охрабрување. Детето иако се плаши од имагинарни нешта, за него стравот е вистнински. Прво и основно е да се знае како да се прифати стравот и да му се каже, “видов и разбирам зошто се плашиш.” Не смее да се омаловажува тоа што детето се плаши и треба да му се дозволи да се повлече од работите кои го плашат.

На детето секогаш треба да му се помогне во застрашувачките ситуации, на пример, ако се плаши од темница, во собата ставете светилка. Споделете ги со нив вашите детски стравови, зборувајте многу и објаснувајте им, бидејќи на тој начин стравовите престануваат да бидат толку страшни.

loading...