Спиеле во сопствениот измет | Ослободени 54 кучиња од пеколот во Wuppertal

888

Wuppertal: Официјалниот ветеринар Dagmar Senczek има огромно искуство,но ваков случај на толкаво трупање на животни во простор во кој е невозможно нема видено до сега “Ова е најлошото нешто што сум го видела во животот” изјавува таа за германски весник.

Заедно со нејзините колеги од Службата за храна и ветерина (BVLA) ослободија во четвртокот 54кучиња и 3мачки од тотално запуштената и полна со ѓубре куќа во Wuppertal.

Кучињата живееле до глуждови во измет

Ѓубре до плафонот, ужасна миризба и очигледно ментално нестабилна станарка која била комплетно преплавена од 57те животни кои биле во преемали кутии без светло, до глуждови во нивниот сопствен измет.

Две кучиња биле заклучени во подрум без храна и без никаква светлина. Ветеринарите добиле поплаки за одредена Организација за благосостојба на животните и по долга потрага, ја нашле адресата.

Жената која живеела таму била активист за права на животните

Невидено: Станарката и уште еден маж (двајцата во доцни 50ти години) работеле за одредена Организација за благосостојба на животните и донеле многу од кучиња од Македонија, каде тие биле вакцинирани. Во Германија сакале да им пружат подобар живот.

Згрешиле многу. Наводно станарката и нејзиниот помошник биле обземени од однесувањето на животните: “Тие биле заклучени во премали кутии, стуткани во кутиите без светло,имале кожни болести,паразити и покажувале сериозни пореметувања во однесувањето” изјавува официјалниот ветеринар.

Неопислива смрдеа

Во станот на жената, имало ѓубре до плафонот, насекаде било преполно со измет и смрдеата била неопислива. Било потребно премногу време за ветеринарите да ја пребараат целата куќа.

Потоа вечерта следува следното изненадување:”Во подрумот пронашле уште три кучиња позади објект кај влезот”. И тие вегетирале во комплетен мрак.

Скршени зглобови и тумори

Заедно со трите мачки кои живееле во куќата, колегите спасиле вкупно 57 животни од пеколот. Испитувањата покажале дека многу од нив имаат скршени зглобови, тумори и нервни пореметувања. Дополнително покажувале екстремно однесување поради тоа што биле заробени и поради недостатокот на контакт со луѓе.

Животно се повредувало себеси

Трагично: Едно животинче толку многу полудело што било заробено што се повредувало себеси на најсуров можен начин. Овој сериозен случај на злоупотребување на благосостојабата на животните, практично суровост е проследен кон обвинителството.

Кучињата се префрлени во домови

Сите четириножни пријателчиња се префрлени во шелтери, но секако ќе биде потребно многу време и финансии додека тие се опорават и надежно се вдомат кај подобри луѓе.

Превод Теона Георгиевска

Milenicinja – ulicni i domashni

loading...