Срби преименувале село и ракија во чест на Владимир Путин

300

Жителите на селото Хаџинце во југоисточна Србија донеле одлука името на селото да го сменат во Путиново, во чест на рускиот претседател.

Старото име на селото поттекнува од времето на турските власти и на локалните жители никогаш не им се допаѓало. После гласањето, селаните една недела работеле на новиот знак на влезот на селото. Знакот е направен од огромна дабова даска на која е изрезбарено името на селото – Путиново.

Во интервјуто за порталот БалканПро.ру локалните жители велат дека наместо традиционалните ракии од слива и кајсија, селаните сега произведуваат еколошки чиста ракија „Путиновача“.

loading...