СРЕДСТВАТА ЗА ЧИСТЕЊЕ ГО ЗГОЛЕМУВААТ РИЗИКОТ ОД ФАТАЛНАТА БЕЛОДРОБНА БОЛЕСТ

994

“Прво се јавува отежнато дишење, недостаток на здив и повремени напади на кашлање …”

Употребата на средствата за белење и вообичаените средства за чистење во домаќинството го зголемуваат ризикот од потенцијално фаталната болест на белите дробови, предупредува новото истражување.

Редовното вдишување на силни хемикалии може да го зголеми ризикот од хроничната опструктивна белодробна болест (КОБП) – обично поврзана е со пушењето – дури до 32 проценти.

Истражувањето особено е важно за медицинските сестри, хигиеничарките и други лица кои ги користат тие производи во секојдневната деловна рутина.

Претходните истражувања ги поврзале со изложеноста на средствата за чистење со астма, но не се обрнувало внимание на тоа колкаво е влијанието на хемикалиите врз КОБП.

Инаку, КОБП се однесува на поврзани нарушувања, кои на болниот постепено му го намалуваат дифузискиот капацитет, односно го намалуваат здивот, а оштетувањето на белите дробови до кое доаѓа, не може да се поправи.

Во првите фази на болеста се јавува отежнато дишење, недостаток на здив и наизменичните напади на кашлица. Меѓутоа, како што болеста напредува, симптомите се влошуваат.

Студијата ја водеше д-р Оријана Думас од Францускиот национален институт за здравје и медицински истражувања, а во истражувањето биле вклучени и медицинските сестри кои употребуваат средства за дезинфекција на работа.

Набљудувана е изложеноста на специфичните, како што е глутаралдехид – силно средство за дезинфекција на медицински инструменти, потоа белилото, водород пероксидот, алкохолот и кватернерен амониум соединенијата кои се користат главно за чистење површини како што се подовите и мебелот.

Во сите производи постои поврзаност со зголемен ризик од КОБП за 24 до 32 проценти.

Медицинските сестри кои биле во контакт со таквите средства најмалку еднаш неделно имале 22 отсто повеќе шанси да развијат КОБП.

Истражувањето било поттикнато со студија која започнала уште во 1989 година на повеќе од 55.000 медицински сестри во САД. Ги следеле осум години, при што КОБП беше дијагностициран кај 663 од нив.

Две неодамнешни студии меѓу европската популација покажале дека чистачките имаат, исто така, поголем ризик од КОБП, истакнува д-р Думас.

“Ова се прелиминарни откритија, и тие бараат понатамошни докази за тоа како изложеноста на агенсите за чистење влијаат на респираторните проблеми, особено во текот на целиот живот”, заклучува д-р Думас, пишува Daily Mail.

loading...