Срцевите заболувања се главната причина за смртност | Ова се 7-те начини како да ги спречите

1053
Booking.com INT

Срцевите заболувања се најголемата причина за смртност во светот. Има многу работи кои влијаат на здравјето на срцето, а најголемите непријатели се дефинитивно пушењето, нездравата храна, алкохолот и.т.н.

Bitcoin Exchange CEX.IO

За да спречите и да станете дел од поразните статистики, ова се “трикови” со чија помош можете да ги спречите можните срцеви удари и други кардиоваскуларни заболувања.

Внимавајте на телесната тежина – Вишокот килограми е главната причина за проблеми со срцето, бидејќи масните клетки и отровите околу срцето влијаат врз неговата работа. Жените треба да имаат обем на половината помал од 80 сантиметри, а мажите под 94 сантиметри за да го намалат ризикот од срцеви заболувања.

Помалку алкохол – Повеќе од една третина од мажите и една четвртина од жените пијат премногу. Алкохолот е една од главните причини за срцеви заболувања. Тој е полн со калории, што влијае на вашата тежина, но, исто така, и на крвниот притисок. Алокохолот може да го ослабне срцевиот мускул, па срцето нема да пумпа доволно крв, што може да предизвика аритмии. Не пијте повеќе од 14 пијалоци неделно.

Повеќе вежбајте – Едно истражување тврди дека вежбањето е “чудесен лек” за срцевите заболувања. Ја подобрува циркулацијата, ја зголемува добрата маснотија, ја намалува лошата и го намалува крвниот притисок. Доволно е да тренирате само половина час дневно пет пати неделно, а за тоа дури не ви треба ниту фитнес.

Намалете ја количината на сол – премногу солена храна го зголемува крвниот притисок и ги зачепува крвните садови. Кај преработената храна, проверете ја количината на сол, а кога сами готвите внимавајте колку ставате и не земајте повеќе од препорачаните шест грама дневно.

Престанете со пушење – Пушењето е главна причина за кардиоваскуларни проблеми, бидејќи цигарите директно ги оштетуваат артериите. Здравствените организации велат дека прекинувањето на пушењето е најголемиот подарок што може да му го дадете на вашето срце, но, исто така, и на здравјето во целина.

Јадете суперхрана – Урамнотежената исхрана може да го намали ризикот од срцеви заболувања, но, некои супернамирници можат да му помогнат. Лососот и сличните “масни” риби се совршени за вашето срце, бидејќи го намалуваат ризикот од неправилна работа на срцето, но и формирање грутки во артериите.

Чувајте ги вашите заби чисти – Хигиената на забите не влијае само на нивниот изглед, туку и на срцевите заболувања. Бактериите од забите можат да достасаат до вашата крв, што може да доведе до срцев удар. Затоа, не заборавајте да ги миете забите секој ден, ако е можно и повеќе пати на ден со задолжителен заболекарски преглед. Поефтино ќе поминете, гарант. 😉

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...