Стара фарма претворена во современа куќа

695

Некогашна фарма е претворена во интересна и модерна куќа, благодарние на студиото „Дом Аркитектура“, кое направи импресива историска реконструкција на објектот во источниот дел на Пиринеите, близу границата на Шпанија со Франција.

Куќата се наоѓа во малото село Ла Сердања, кое е опкружено со ливади и каде земјоделството и сточарството се главна гранка. Преубавиот поглед на високите планини, го прават ова место посебен рај на земјата.

Клиентот нарачал целиот амбарот, магацинот и куќата да се претворат во убав дом и неколку павиљони за гости. Архитектите сепак задржале некои веќе постоечки објекти, реконструирајќи ги фасадата и таванот и прераспределувајќи ги сите внатрешни простории.

Просторот за чување сено сега е голема отворена соба за дружење. Тој е целосно реновиран, но оставени се старите решетки на кои се потпира покривот.

Во куќата, неколку соби имаат бетонски ѕидови, но и дрвени и железни елементи, кои се зачувани од страта зграда.

– Идејата беше да се отвори голем простор, во кој околните пејсажи ќе станат дел од ентериерот, објаснуваат дизајнерите.

loading...