Студенти по дизајн во обид да ги направат подостоинствени болничките наметки

692

Студенти од Школата за дизајн Парсон од Њујорк соработуваа со компанијата која произведува болнички наметки за пациенти „Care+Wear“ за да осмислат подостоинствена облека, која истовремено ќе им го овозможи на лекарите неопходниот пристап до телото на пациентот.

Нивниот предлог комбинира пет компоненти кои им се потребни на пациентите, вклучувајќи пристап до вени, отвори за потребите на мајки, отвори за телеметрија и друго.

Болничката облека на која работат е направена од мешавина на памук и полиестер, што и овозможува на кожата да дише. Наметката се обвиткува како завој и има заштитен покривач од задната страна, а истовремено овозможува пристап до долниот дел од телото.

Широките ракави со четири пластични куки, кои им пружаат можност на лекарите едноставно и лесно да пристапат до рацете на пациентот заради интравенозни интервенции, а две такви спојки кај вратот, овозможуваат пристап до тој дел на телото.

Конечниот, најуспешен дизајн на болничка наметка ќе биде избран од повеќе прототипи, кои студентите ги осмислиле минатата година.

loading...