Судири меѓу полицијата и демонстранти во Сент Луис

233
A member of the St. Louis County Police Department points his weapon in the direction of a group of protesters in Ferguson

Американската полиција во градот Сент Луис минатата ноќ употреби солзавец за растерување на учесниците на протестите организирани поради судска одлука за ослобидување на полицаец белец, кој беше обвинет за убиство на црнец.

Станува збор за судски процес во врска со случајот од декември 2011 година кога белиот полицаец Џејсон Стокли истрела пет куршуми кон црномурестиот Ентони Ламар Смит нанесувајќи му смртни повреди. Ова убиство уште тогаш предизвика масовни протести на црнците во овој град во американската сојузна држава Мисури.

Во судирите со демонстрантите, од кои најголемиот дел црнци, во текот на минатата ноќ, полицајците привеле 13 учесници на протестите, кои кон полициските сили мавале со шишиња, камења и други тврди предмети. При инцидентите се повредени четворица полицајци.

loading...