Суспендиран водичот кој ја водеше групата планинари кога загинаа Калина и Александар

834
Booking.com INT

Федерацијата на планинарски спортови го суспендираше водичот на групата која изминатиот викенд се искачуваше на планината Ниџе кога двајца македонски планинари загинаа.

Bitcoin Exchange CEX.IO

Водичот Зоран Костадинов е суспендиран пред се од морални причини, потврдуваат од Федерацијата на планинарски спортови.

Во извештајот и анализата за искачувањето на Кајмакчалан се наведува дека кон врвот тргнале 63 планинари предупредени од водичот дека во зависност од временските услови може да биде прекинато искачувањето во било кој момент.

На половина пат кон врвот, 23 планинари се откажале од понатамошното искачување и се вратиле во ски центарот. Кон врвот продолжила колона од 40 планинари, а на отприлика 600 м од врвот, колоната се поделува на две групи односно 22 планинари предводени од Костадинов биле први, а останатите од групата предводени од Калина Велевска ги следеле на околу 100 -150 метри растојание.

Во 11:15 часот првата група била на врвот и во 11:20 часот тргнала назад. Во 11.30 часот се сретнале со групата која се качувала кога е дадена наредба од Костадинов да се прекине искачувањето поради влошените временски услови. Во 11:35 часот двете групи почнале заеднички да се симнуваат кон ски центарот освен седум планинари кои се одвоиле од групата и самоиницијативно продолжиле кон врвот и стигнале до маузолејот.

– Во тој момент е воспоставен радиоконтакт помеѓу водичот Зоран и Александар. Александар добива изричита наредба од Зоран да тргнат назад што побрзо. Пет члена од оваа група се сретнува со остатокот од групата и со водичот Зоран на 50 метри од контролната ски куќичка. Увидувајќи дека недостасуваат двајца планинари водичот придружуван со уште двајца планинари (Д.К. и Б.П) се враќаат назад кон врвот, пристигнуваат на врвот и ја пребаруваат околината обидувајќи се да воспостават радио контакт и телефонски контакт. Пребарувањето на тренот трае 30-40 минути. Под претпоставка дека двајцата планинари (К.В. и А.М.) се вратени назад, групата што ги пребарува, се упатува надолу кон центарот. Во 13 часот, групата која што пребарува, пристигнува во ски центарот, констатира дека недостасуваат двајца планинари и ја алармира спасителната служба во центарот, се вели во извештајот.

Калина Велевска и Александар Миновски загинаа при искачување на планината Кајмакчалан изминатиот викенд.

Скопје, 16 февруари 2018 (МИА)

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...