Сцена која ретко се гледа | Враќање на пустинската река во исушеното корито | Видео

868
Booking.com INT

Место на настанот од Стариот Завет – Пустина Негев.

Bitcoin Exchange CEX.IO

Водите на реката Зин течат, тогаш кога течат преку израелската пустина Негев, по долго време надојдоа и повторно го исполнија најсувното речно корито, а локалното население со радост го дочекаа враќањето на изгубената река. Овој редок настан е забележан е на видео снимка.

Повторното раѓање на реката по многу години суша е последица на поројните дождови во планинските области, оддалечни повеќе километри од сувата пустинска област.

Овој сушен крај, преку кој поминува ова широко речно корито, низ вековите во неколку наврати било забележано наизменично исчезнување и враќање на реката Зин, но ова е прв пат оваа драматична и возбудлива сцена да е снимена со камера.

Реката е многу непредвидлива и од нејзиното последно враќање поминати се повеќе години, но локалното население има свои традиционални и необични методи за предвидување на нејзиното враќање. Затоа не е ни чудо што до сувото речно корито се собрал одборот за “добредојде” и едно симпатично куче.

Пустината Негев е место на многу настани од Стариот Завет, во кој е опишан и надоаѓањето на водата. Реката Зин своевремено била граница на древниот Израел и тече низ најголемиот светски мактеш – единствената релјефна форма која наликува на кратер предизвикан од метеорски удари, долг 40 км и широк помеѓу 2 и 10 км, во облик на издолжено срце.

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...