Таблета која ја имате дома може да ви го спаси животот | Го намалува ризикот од срцев удар, мозочен удар и рак …

514

Групата на независни експерти кои ја советуваат федералната влада на САД (USPSTF) препорачала понеделнички редовно земање малии дози на аспирин за да се намали ризикот од срцев удар, мозочен удар и рак на дебелото црево.

Така USPSTF препорачува дека луѓето на возраст од 50-69 години со зголемен ризик од кардиоваскуларни болести, кои не се склони кон крварење на внатрешните органи, во следните десет години да земаат аспирин како средство за спречување на тие болести.

Тие препораки и анализи на кои се потпираат објавени се во најновиот број на американскиот медицински журнал Annals of Internal Medicine.

Најголемата придобивка од таквата превенција имаат луѓе во тој период од животот кај кој што не постои зголемен ризик од крварење, чие очекуваниот животен век е најмалку десет години и кои се подготвени секојдневно да земаат мали дози аспирин (70-81 mg), проценуваат експертите.

Кардиоваскуларните болести и ракот на дебелото црево се главните причини за смрт во САД. Во 2011 година, срцевиот, мозочниот удар и ракот биле причина за смртта на половина од смртните случаи во земјата.

Но, USPSTF предупредува дека аспиринот може да предизвика кај некои лица тешко крварење на желудникот, цревата и мозокот и затоа е потребно да себиде претпазлив.
Експертската група згора на тоа оценила дека се неопходни дополнителни истражувања за да се утврди превентивното дејство на аспиринот за лица помлади од 50 години и постари од 70 години.

Аспиринот би требало да го продолжи животниот век на повеќето луѓе на возраст од 40 до 59 години кои би почнале секојдневно да го земаат, како и оние на возраст помеѓу 60 и 69 години со зголемен ризик од кардиоваскуларни болести, мислат експертите.

Луѓето со понизок ризик од овие болести, се чини дека корист од аспиринот не е многу поголема од можните штетни несакани ефекти, додаваат тие.

loading...