Табу теми | За аналниот секс, мастурбацијата и порно филмовите со лезбејки

224
Booking.com INT

Експертите одговараат на пет прашања за сексот кои жените не се осмелуваат да ги постават 

Има многу прашања поврзани со сексот кои некои жени никогаш не се осмелиле да ги постават, бидејќи им било премногу срамно.

Bitcoin Exchange CEX.IO

Темите поврзани за мастурбацијата, неочекуваните звуци и нивните партнери кои глумат оргазам можат да бидат интересни за дискусија, затоа сексуалните експерти за Women’s Health одлучиле да појаснат пет прашања кои се често погрешно разбрани.

1. Дали е нормално мојот партнер да глуми оргазам?

Да.

Толку сме запнале на фактот дека само жените глумат оргазам па се заборава дека и мажите понекогаш го прават тоа. Но, тоа може да ги загрижи жените кои мислат дека тие направиле нешто погрешно.

А, всушност, голем број мажи признаваат дека понекогаш глумат оргазам. Истражувањето спроведено во 2016 година од списанието Sexual and Relationship Therapy покажало дека 30 проценти од мажите од Северна Америка еднаш одглумиле оргазам.

Нивните причини се, вели д-р. Kat van Kirk, слични како и женските.

– Способноста да се доживее оргазам може да биде поврзана со алкохолот, заморот, стресот, но и некои лекови – вели тој.

Сепак, тоа не значи дека самиот секс не бил добар.

– Патувањето може да биде исто така добро како и самиот крај, но ако проблемот продолжи, можеби и двајцата ќе треба да прозборат и откријат што им треба за да го постигнат врвот – советува Van Kirk.

2. Дали е нормално аналниот секс повеќе да ви се допаѓа од вагиналниот?

Да.

Можеби ова ќе ве изненади, но жените кои имале анални игри велат дека почесто доживуваат оргазам од оние кои тоа не го прават.

Тој дел од телото е исполнет со осетливи нервни завршетоци, тврди сексолог Jessica O’Reilly.

– Таа област е анатомски направена за незаборавен оргазам, па ако сте го доживеале тоа е несомнено дека ќе посакате уште.

Ако сте загрижени заради хигиената, пенетрацијата не е неопходна.

– Започнете со мал анален чеп или користете вибратор, советува O’Reilly.

3. Дали е нормално мојата вагина да “произведува звуци”?

Да.

Изненадувачки звуци, кои најчесто звучат како испуштање ветрови, неизбежни се при вагиналниот секс. Воздухот вметнат во вагината за време на сексот мора да излезе во моментот кога ќе ја смените позицијата, а најчесто тоа се случува кога мажот продира од грбот.

Не треба да се грижите, ниту пак треба да сте засрамени.

4. Дали е нормално да се мастурбира пет пати неделно?

Да.

Жените најчесто мастурбираат помалку од мажите, но тоа не значи дека самозадоволувањето е нездраво.

Истражувањето спроведено од универзитетот Индијана во 2009 година покажало дека само три отсто од жените мастурбираат повеќе од четири пати неделно (17 проценти од мажите исто така).

Имено, мастурбацијата го зголемува расположението и ги зајакнува вагиналните мускули.

– Жените мастурбираат и од различни причини – да почувствуваат сексуално задоволство, да ослободат стрес, полесно да заспијат … Додека не создава проблем во врската, уживајте – советува д-р Kelly Suschinsky.

5. Дали е нормално дека сум хетеросексуалка, но кога станува збор за порнографија, се палам кога гледам две девојки во акција?

Да.

Истражувањето покажало дека порнографијата која ја гледаме нема никаква врска со тајните страсти кај жените, додека кај мажите е спротивното – нив ги возбудува она што одговара на нивната сексуална ориентација.

Со други зборови, жените подеднакво ги “пали” ако гледаат хетеросексуален како и хомосексуален секс, без оглед на нивната сексуалност.

Всушност, истражувањето покажало дека жените кои ги привлекуваат мажи, како и жените кои ги привлекуваат други жени, претпочитаат да гледаат снимки кои покажуваат само сексуални игри меѓу жените – се истакнува во истражувањето.

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...