Тажна ноќ во Истанбул | Загинаа 39 лица, а 69 се ранети

8006

Во вооружен напад во ноќен клуб во Истанбул синоќа загинаа 39 лица, меѓу кои 16 странци, а ранети се 69 лица, од кои четири се во критична состојба, изјави денеска турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу. 

Нападот бил извршен во популарниот ноќен  клуб „Рејна“ во квартот Ортакој од маж, облечен како Дедо Мраз, во момент кога меѓу 700 и 800 лица славеле Нова година.

loading...

Градоначалникот на Истанбул, Васип Шахин нападот го означи како терористички. Нападот почнал во 1:15 часот по полноќ по локално време, кога напаѓачот застрелал полицаец и цивил на влезот, по што влегол внатре и почнал да стрела кон луѓето, кои ја славеле Новата година. За да се спасат голем број од гостите скокнале во ледените води на Босфорот, јавија турски медиуми.

Турските власти соопштија вчера дека распоредиле 17 илјади полицајци во Истанбул за обезбедување на празнувањето на Нова година, при што некои од нив биле облечени како Дедо Мраз, а некои како улични продавачи.

Напаѓачот се уште е на слобода, но министерот за внатрешни работи изрази надеж дека наскоро ќе биде фатен. Засега се идентификувани телата на 21 од загинатите.

loading...