Тамагочи го прослави 20-от роденден | Видео

897
Booking.com INT

Пред 20 години светот го зафати лудилото наречено Тамагочи, при што состојбата беше слична како денес со играта Покемон Гоу.

Bitcoin Exchange CEX.IO

Сите имаа свој Тамагочи, џепен миленик кој требаше да се храни, капе и шета, а ако заборавевте на него или неговолно се грижевте за него, настапуваше неговата виртуална смрт.

Ако пак се грижевте добро за својот Тамагочи и реагиравте на сите негови барање, тој беше весел.

Тамагочи го измисли Аки Маита, откако ја видела рекламата каде дете плаче затоа што домашниот миленик не може да го земе со себе во училиште.

Маита идејата му ја изнела на дизајнерот Акихиру Јокио, кој го концепирал Тамагочи како мал вонземјани во јајчесто куќиште.

Играта беше пуштена во продажба на 23 ноември 1996 година и набрзо стана апсолутен хит. Ширум светот беа продадени повеќе од 80 милиони копии од играта.

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...