Тарт со сардини

380

Пита со сос од домати и риба …

Подготовка

За тестото

240 гр брашно
120 гр ладен путер
1 лажиче сол
60 гр пармезан, изрендан
60 мл ладна вода

loading...

За сосот

1 голема конзерва домати пелати
1 голема главица кромид
2 чешниња лук
оригано
сол, бибер
околу 250 гр сардини

Подготовка

  • Исчистете ги сардините од главите и внатрешноста. Измијте ги и оставете ги да се исцедат.
  • Замесете тесто од состојките за тресто. Замотајте го во пластична фолија и оставете го во фрижидер околу 1 час.
  • За тоа време направете го сосот. Исецкајте го кромидот и пропржете го на малку маслиново масло. Додадете ги сецканите пелати и целата течност од конзервата. Посолете по вкус и варете го сосот на тивко додека да се згусне. Посипете со бибер и оригано, измешајте и оставете да се излади.
  • Тестото ставете го на набрашнета работна површина и со сукало развлечете го со облик на калапот каде ќе го печете тартот.
  • Ставете го во калапот, премачкајте го со сосот и одозгора наредете ги сардините.
  • Ставете да се пече во загреана рерна на 180 целзиусови степени околу 40 минути.
loading...