Писмото на еден татко до ќерката со Даунов синдром по повод нејзината венчавка

4605
Booking.com INT

Jillian Daugherty е родена со Даунов синдром. Лекарите веднаш им кажале на родителите дека Jillian никогаш нема да биде како другите деца – а подоцна како и другите жени …

Bitcoin Exchange CEX.IO

Дури и пријателите и познаниците слушнале дека нивната ќерка никогаш нема да ги најде вистинските пријатели, да студира или да се омажи. Но, испаднало сосема поинаку – а тоа го опишува Paul Daugherthy во своето неверојатно писмо на денот на нејзината венчавка кое ќе ве допре.

Драга Jillian,

Сега е попладне, денот на твојата венчавка, 27 јуни 2015 година. За два часа ќе тргнеш на патот на својот живот, на патот кој е резултат на она што си го постигнала, сè што направи да го доживееш овој ден – на кој ќе се сеќаваш со радост. Не знам какви се шансите за жена со Даунов синдром да се омажи за љубовта на нејзиниот живот. Јас само знам дека сите си ги надминала.

Сега си таму горе и имаш последни подготовки со мајка ти и деверушите. Фризурата е совршена и убаво паѓа преку вратот. Твојот фустан со сјајни ѕвездички – твојот “bling”, како што ја нарече – го фаќа секој зрак на попладневното сонце што се пробива низ прозорецот. Твојата шминка, црвениот кармин, ја нагласува уште повеќе твојата убавина која од ден на ден – уште од денот кога си се родила – е сè поголема и поголема. Твојата насмевка е прекрасна и вечна. Во исто време, посакувам да ти кажам сè и ништо.

Кога се роди, па дури и неколку години подоцна, бев загрижен за тоа каков ќе биде твојот академски успех. Твојата мајка и јас сакавме да ти овозможиме добро образование. Се боревме кога тоа беше потребно и колку долго беше потребно. “Ги принудивме” наставниците да те поучуваат и знаевме дека ќе заработиш почит од луѓето од својата генерација.

Но, не можевме да ги натераме другите деца да те сакаат. Да те прифатат, да се дружат со тебе и да бидат до тебе во социјалната арена. Мислевме: каков е тоа детски живот кој никогаш не преспива кај своите пријатели или не оди на роденденски прослави? Тогаш бев загрижен за тебе. Плачев во себе, кога една ноќ, кога имаше 12 години дојде кај нас и рече: “Немам пријатели”.

Дали се сеќаваш на сите работи кои ги кажале за тебе дека никогаш нема да можеш да ги направиш?

Ние сакавме сѐ еднакво за тебе како и за другите деца. Здравјето, задоволството и способноста за учествување и уживање во светот не се секогаш нешто само за типичните деца. За да се посакаат овие нешта, е право на секое дете кое го добило тоа со самото раѓање. Но, јас бев загрижен за тебе, Jillian. Но, не сум требал. Ти си природен талент кога станува збор за запознавање на нови луѓе. Во твоето основно училиште те нарекуваа “градоначалничка”, бидејќи едноставно беше добра со сите. Во средно училиште танцуваше во училишната група. Четири години си била на факултет, и со сите кои ги си сретнала и со кои си се запознала, си оставила добар впечаток.

Се сеќаваш ли на сите работи за кои кажале дека никогаш нема да можеш да ги направиш, Jillian? Не си требала да научиш ролерки или да се занимаваш со спорт. Не си требала да одиш на факултет. Не си требала ниту да се мажиш.

А погледни се сега!

Paul Daugherthy напишал книга за својата ќерка, “An Uncomplicated Life” во која раскажува за нејзиното растење.

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...