ТАТКО МИ: ТЕ УЧЕВ ДА БИДЕШ МАНГУП И ПРИНЦЕЗА ВО ЕДНО

6876

Кога се роди, бев избезумен.

Животот не ми даде прирачник. Сестрите не ми дадоа никакво објаснување, само кажаа – се роди и не дише. Седев во чекалната и се прашував – како е можно животот да не дише? И сè застана додека не истрчаа од породилна и извикаа – Честитаме! Мајката и девојчето се добри, ќе имате вистински борец во куќата!

Бегав од твоите пелени. Кога имаше грчеви, знаев само да те бакнам и чекав да помине. Тогаш следеа твоите први насмевки, па чекори, па зборови. Првата кашлица. Првите фотографии и исчекувања – дали сè ќе излезе добро кога ќе се развие филмот? Врескање кога треба да одиш во градинка. Кики бонбоните ти се лепеа на забите, па, не водејќи сметка дали рацете ти се чисти, ја гледав најсмешната фаца, обидувајќи се со прстите да ја тргнеш лепливата смеса од непцата. Никогаш нема да ми биде јасно зошто толку го сакаше оној цртан филм Чудесна шума кога си го преплакала секој нејзин крај. Или кога бараше да те запишам на летачки курс, за да се дружите со Петар Пан.

loading...

Сè уште слушам како шушка целофанот во кој се завиткани каранфилите за твојата учителка. Го слушам и чкрипењето на моливот додека учиш да пишуваш. И звукот на бранот додека се обидуваш да запливаш. Прво ќе се напиеш солена вода, па се загрцнуваш, па се вртиш кон мене и со насмевка полна со инает ќе дофрлиш: “Ова не беше добро, одиме понатаму!” И како се смееш додека сладоледот ти капе по белото фустанче. Никогаш не си знаела да облечеш бело, а да не се исфлекаш. Но, знам дека еднаш тоа ќе ти успее, кога оној вистинскиот ќе ти го зграпчи срцето.

Гледам како глумиш кога паѓаш во несвест на школска приредба, бидејќи го заборави текстот. Ти аплаудирав на снаодливоста.

Те слушам како на бабати ѝ префлаш дека не е подобна да те советува, затоа што не излегува од својот двор, од провинција … Тогаш таа ти раскажа како дедо ти ја украл од дома и дека семејството го сочувала со моќта на туфнастата престилката. Ја гушнуваш и ѝ ветуваш дека нема да напишеш криминалистички роман за нејзиниот живот.

Те учам да кажеш – благодарам, несакам, сакам, љубов, сон, посакувам, среќа, еби се кретену, можам, знам.

Те учам никогаш да не кажаш – циган, педер, курва, омраза, болест, секс за една ноќ.

Знам дека ти беше досадно додека се обидував да ти објаснам зошто е клише да глумиш женски Буковски во втора година гимназија. Дека тетоважите се минлива мода. Дека алкохолот не се лока, туку дека во него се ужива, и дека опијатите не ти се потребни за пишување. За да пишуваш потребно е да чувствуваш. Само на таков начин твојот свет нема да престане да зборува и да живее. Се обидував и на крај ти објаснив.

Бев тука со тебе и за тебе. Се борев, можеби не како таткото на Тања или Верица, но се борев. Те учив да се бориш сама. Да не бидеш кршлива принцеза. Да бидеш мангуп и принцеза во едно.

Морам да ти кажам дека сум горд во каква личност си израснала!

Морам да ти кажам дека треба да спиеш поредовно, да јадеш повеќе овошје и цигарите да ги намалиш (откажи ги). Да не излагаш со влажна коса на улица. Да замолчиш секој кој те повредил!

Знам дека ти недостасува да те прегрнам и шепнам: “Ќерко, оној фраер е супер!” Мене ми недостига уште повеќе, бидејќи има многу ствари, од оние обичните и секојдневните, со кои сакам да ти досаѓам.

Малечка, не се напрегај со оние кои не те допираат. Момчињата од твоите приказни немаат поим колку се среќни, што макар на кратко биле дел од твојот свет.

Не се срами кога зборуваш со празен стол, фотографија или плоча. Тебе бар не морам да ти објаснувам дека сум секогаш тука. А светот нека мисли дека си луда. Играј ја својата приказна, сама себе вади се од гомна, и влечи напред и горе. Тоа се дава дозволени правци.

И прегрни ја мајкати понекгаш!

Автор: Тијана Бановиќ

loading...