Тајна чувана 100 години | Што правеле со мртвите од Титаник

2720
Booking.com INT

Строго чувани и доверливи телеграми кои биле чувани од очите на јавноста цел еден век откриваат шокантна тајна.

Bitcoin Exchange CEX.IO

Титаник потонал пред 105 години – но деталите за оваа морска трагедија која никогаш целосно не е разјаснета не престануваат да ги интригираат луѓето. Бродот потонал во ноќта од 14 на 15 април 1912 година, околу 740 километри од најблискиот брег, а првиот брод кој дошол на помош пристигнал еден час и половина по потонувањето – долго откако и последната жртва во леденото море починала.

Имено, температурата на водата изнесувала 2,2 Целзиусови степени, при која преживувањето на човекот е само 15-тина минути. Животот го загубиле 1517 луѓе, а најголеми шанси за преживување имале патниците од првата класа, се спасиле 63 проценти од нив.

На Титаник имало 20 чамци за спасување, кои вкупно можеле да примат само околу 1.100 патници – половина од оние кои таа кобна ноќ се наоѓале на бродот – но и тоа било во согласност со законските прописи на тоа време, па се сметало за доволен број.

И покрај тоа, само 700 патници успеале да влезат во чамците за спасување; повеќето од нив полупразни го напуштале бродот и скоро во секој имало слободни места.

Но, што се случило со телата?

Вистината за тоа ја кријат тајните телеграми, чии автори верувале дека никогаш нема да бидат пуштени во јавноста. Во тие телеграми е јасно дека капетанот на еден од спасувачките бродови, Mackay-Bennet, сакал да ги извлече сите тела од морето. Но, наскоро сфатил дека неговиот брод е премногу мал за 334 тела колку што пронашле.

Тогаш донесле контроверзна одлука – ќе ги исфрлат телата на најсиромашните патници, оние од третата класа, за да им остане доволно простор за оние од првата и втората класа.

Имено, мислењето на екипажот било дека тие имаат поголеми права на достоен погреб. Од 334 пронајдени тела, повеќе од стотина биле фрлени од бродот, и никогаш не биле пронајдени во Атлантскиот Океан. Вистината за тоа што се случило криеле долги телеграми, кои подоцна ги ископале историчарите од тајните архиви.

Сиромашните останале да пловат

Во првиот телеграм капетанот напишал: “Апсолутно мора да ги донесете сите тела кои ќе се соберат на спасувачкиот брод.”

Но, од бродот Mackay-Bennet наскоро одговориле: “Детално направивме попис на сите пари и вредни работи пронајдени кај телата. Зарем не би било подобро да сите тела се закопаат во морето, освен ако не постои одредена желба на семејствата да ги задржиме?”.

По кратка конверзација, било договорено дека ќе ги исфрлат жртвите на посиромашните патници, додека остатнатите од оние побогатите ќе бидат вратени на нивните семејства.

Хорор пет дена подоцна

Кога СС Бремен, брод кој пловел од Германија во САД, се приближил на местото на трагедијата, патниците кои биле на него почнале да врескаат.

Бремен му се придружил на бродот Карпатија, а нивната мисија била да ги соберат остатоците од телата кои ќе ги пронајдат. Во далечината можеле да се видат бели дамки, кои всушност биле замрзнатите тела на мртвите, кои сѐ уште имале на нив спасувачки прслуци. Со денови по потонувањето, целото место се претворило во огромна водена гробница, со густа магла, звукот на прскање на брановите, замрзнатите мртви тела и зборовите на свештеникот, кои ги испраќал.

“Видовме една жена во ноќница со бебе цврсто припиено на градите”, сведочеше Јохана Штунке, патник од Бремен. “Видовме и тело на една жена, која цврсто го прегрнала бушавото куче кое личеше на Бернардинец. Некои од нив беа облечени за танцување и вечера, некои во ноќници и пиџами. Една жена имаше појас за спасување и две деца во своите раце.”

Сите членови на екипажот сето тоа го опишале како “ладно, влажно, мизерно и неутешно”. До крајот на април, комбинацијата на сол и сонце почнала да ги уништува појасите и телата почнале да исчезнуваат во длабочините на океанот. Во јуни истата година, сепак, биле пронајдени две тела кои лебделе во океанот. Тоа биле телата на келнерот на бродот и кујнскиот работник.

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...