ТАЈНИТЕ НА КВАЛИТЕТНОТО ОБРАЗОВАНИЕ Дали сакате успешно да воспитате дете? Ова не го правете!

4943

Секој родител сака неговото дете да порасне во успешна и исполнета личност. Но вашето дете е само дете. Понекогаш е повредено, понекогаш претерано реагира, понекогаш плаче, се фрла на подот и вика, пишува порталот Inc.com.

Како треба да постапите во таква ситуација? Постојат две можности:

Прва опција: Брзате кон детето и му нудите утеха. Што сакате да постигнете со тоа? На вашето дете му давате до знаење дека секогаш може да смета на вашата помош, што и да се случи. Со тоа краткорочно си олеснувате и на себеси.

Втора опција: Задржувате одредено растојание, иако будно внимавате нешто сериозно да не се случило, но во исто време го оставате детето самото да најде излез од ситуацијата во која се нашло.

Двата предлози звучат разумно, зар не? Но, науката нема сомнежи за тоа кој од овие методи, всушност, ќе му овозможат на вашето дете да се развие во силна и успешна личност. Со други зборови, една од овие методи е точна и корисна, а другата е сосема погрешна. Еве го објаснувањето.

Методот “пушти го да отрпне”

Овој метод не е без контроверзии и за него многу се дискутира. Денес живееме во култура на страв: страв од болка, страв од странци, страв од неуспех, а нашите деца се всушност најголемите жртви. Ние сакаме да ги заштитиме од сѐ и да им обезбедиме среќа и безбедност, но така всушност создаваме генерација деца кои не можат да размислуваат за себе.

Наместо тоа, некои психолози препорачуваат понекогаш да дозволите детето да отрпне, а понекогаш и да не успее во својата намера за да се научат да реагираат како возрасни и зрели луѓе.

Звучи разумно, нели? Сепак, има нешто што треба да се земе в предвид.

Метод “Јас сум секогаш тука за тебе”

Како одговор на претходниот метод, втората група на психолози набљудувала одредени конкретни случаи, со цел да утврдат кој од двете понудени методи е подобар начин.

Резултатите биле повеќе од јасни: Методот “Јас сум секогаш тука за тебе” се покажал многу подобар и поефикасен отколку што првично помислиле.

Психологот Nancy Eisenberg од Универзитетот во Аризона утврдила дека родителите кои на емоциите на своите деца одговараат на начин соодветен да им се обезбеди утеха, почесто успеваат да ги одгледаат децата кои подобро владеат со социјалните вештини и кои се подобро прилагодени од оние родители кои им велат на децата дека само претеруваат, па дури ги казнуваат ако се налутат или вознемират.

Во својата студија, професор Eisenberg, исто така, открила дека студентите кои кажале дека мајките ги казнувале додека тие биле мали, често имаат проблеми со контролата на лутината од оние студенти кои од своите мајки добивале само поддршка.

Професорот нагласува дека ова се однесува главно на момчињата, додека девојчињата кои мајките не ги тешеле во детството подоцна имаат проблеми со контролата на лутината, дури и ако во подоцнежната возраст со мајките имале близок однос.

На ова во прилог зборува и студијата од 1983 г., која вели дека децата кои со своите родители имале близок однос и кон кои родителите се однесувале со многу топлина, нега и грижа многу рано во животот, подоцна не биле толку нападни и тешки како оние деца чии родители се држеле по страна и не давале поддршка.

Научна пресуда

Дали ова значи дека секогаш треба да трчате веднаш штом детето почнува да плаче и да бидете со нив сѐ додека не исчезнат солзите?

Не, се разбира дека не. Но, ако им кажете да отрпнат што и да им се случува, ќе направите повеќе штета отколку добро.

“Децата треба да практикуваат да ги изразуваат своите чувства и да научат како да се справат со нив. Тоа ќе ги направи поотпорни на сите тешкотии “, вели психологот Ashley Soderlund. “Златно правило е дека емоциите не се непријател, без разлика колку понекогаш се претерани. Исто така, важно е да се биде добар пример на своите деца, а тоа значи да им се покаже дека понекогаш и вие ја губите контролата на своите емоции.

“Сите понекогаш ја губат контролата, но тоа не значи дека тие се насилни. Децата учат да пловат низ овој луд свет, така што ве гледаат, па може да биде добро понекогаш да ве видат како плачете или се лутите “, вели Soderlund.