Тајните на Хроно исхраната, се кријат овде | mojden.mk

9277

Луѓето по некој дифолт сметаат дека хроно исхраната е стриктно наменета само за слабеење. Тајната е дека таа всушност е исклучително здрава и поволна за нашето тело.

Навистина на интернет и по весниците ќе најдете безброј текстови, за хроно исхраната и нејзината примена. Доколку ноншалатно ја набљудувате, ќе мислите дека е само уште една диета во морето на диети… но не е така..

Хроно начинот на исхрана, датира многу оддамна 

loading...

Иако е обмислена уште во далечната 1986 година во Франција, Хроно режимот дури сега добива експанзија на нашите простори.
Во овој тип на исхрана, заборавете на броењето калории и на количината на храна која ја внесувате.

Она што морате да го правите е да јадете во одредено време и соодветно да ги комбинирате намирниците. Основното правило, е времето помеѓу оброците да биде минимум 4, максимум 6 саати… додека пак идеалната дистанца се 5 саати.

хроно1-001

Хроно исхрана – јадеш се, но по редослед 

Хроно решимот е измислен од иновативниот француски доктор Alain Delabos, во 1986 година. Тој вели дека освен тоа што бил полесен за 20 кг, кожата му изгледала мошне поздраво,затегнато и блескаво сјајна- за разлика од повеќето луѓе кога ќе изгубат значителен дел од својата телесна тежина.

Целата исхрана е подредена според работата на панкреасот и излачувањето на инсулин,кортизол како и ензимите кои се неопходни за варење на храната, но кои и не се лачат во секој дел од денот во иста мера.

Основното правило е конзумација на храна на 4 саати. Значи имате 3 оброка плус ужинка, но меѓу нив нема никакво дополнително грицкање.

Тајните на хроно исхраната 

Појадок – треба да биде обилен и да вклучува масти,белковини и бавни шеќери. Тоа значи дека треба да јадете сирење, путер, храна која содржи скроб (леб), протеини (јајца или сувомеснати производи). Телото треба да е полно со гориво, со енергија за да го започне успешно работниот ден кој престои. Не се грижете околу калориите, телото секако ќе ги потроши во текот на денот.

mdd6-013

Ручек – му овозможува на телото да остане во форма, во преостанатиот дел од денот и служи за да ги наполните батериите. Треба да одберете оброк кој е богат со животински протеини. Многу помалку маснотии за разлика од доручекот, помаку шеќери како и помалки растителни масти. Ручекот по обем не треба да биде голем, но треба да е доволен за да не почувствувате глад до следниот оброк. Не мешајте протеини и јаглехидрати. Го јадете едното или другото.

mdd5-015

Ужина – Му обезбедува на телото доволно гориво да продолжи да функционира се до вечерата. Спречува преголем глаф и прејадување за време на вечерата. Се состои од овошје,сушено овошје,црна чоколада. Кога велиме црна чоколада мислиме на онаа со најмалку 70 % какао. На овој начин Ви се дозволени и колачи направени од дозволените намирници. Ужината јадете ја помеѓу 16 и 18 часот (спрема зимското сметање на времето) или меѓу 17 и 19 часот (летно сметање).

mdd3-016

Вечера – Се внесува лесна храна. Риба, немасно месо и малку зеленчук. Навечер не се внесуваат шеќери, маснотии и скроб. Збогувајте се со тестото, само навечер.

Грицкање помеѓу оброци – НЕМА !

  • Во хроно диетата, поголемиот број на намирници се дозволени, ретко што е исклучено… Но она што е примарно е соодветната конзумација на храната во соодветно време.Секако дека се концентрираме и на намалување на простите шеќери .
  • Во овој период на рестрикција на дополнителна храна од она која е предвидена, се симнуват најмногу килограми.

На овој начин ќе ја сватите суштината на соодветното и правилно исхранување, а не само на желбата да се симне некое кило. Топло ја препорачуваме на сите оние кои се одлучени од корен да го променат својот живот.

Наскоро очекувајте предлог мени со рецепти од МОЈДЕН, како би Ви се олесниле првите месеци…

Извор mojden.mk

 

loading...