Никогаш не ѝ се јавувај на поранешната!

632
Booking.com INT

Кога поранешната ќе слушне дека нејзиното поранешно момче е среќно повторно, дека другата ужива во неговите топли прегратки, тешко тоа може да го поднесе.

Bitcoin Exchange CEX.IO

На социјалните мрежи одекна текстот на Мирјана Бобиќ Мојсиловиќ и за многу кратко време стана вистински хит. Го пренесуваме во целост, а сигурни сме дека многу од вас ќе се пронајдат во оваа, така реална, животна ситуација.

“Кога ќе ти се јави поранешната која те гризнала за срце, слободно помисли дека одеднаш сфатила дека си всушност брилијантен карактер, шармантен, интересен и едноставен за живот. Да, најверојатно е дека се покажало онака како што си помислила кога те оставала: дека од кал ќе те прави и горко ќе жали, дека без тебе нема да може да се снајде, дека никој нема да ја направи среќна како што тоа ти го можеше.

Но, да не те измами бојата на нејзиниот глас, дури и кога милно го изговара прекарот кој таа ти го дала, додека сте се сакале, а тоа, што вели дека токму минатата ноќ те сонувала, па затоа морала да ти се јави, да не ти го помрачи умот и не му дозволувај на разбуденото его да збесне.

Или, ако ти се јави среде ноќ, (затоа што мисли дека има право на тоа, бидејќи си некако – нејзин) среќна за да те праша како се вика актерот кој играл во филмот кој сте го гледале кога сте биле единствените гости во киното, бидејќи туку што игра асоцијации со пријателките, па не може да се сети; или ако едноставно ти рече да се јавува да слушне како си и дека би можеле да одите на кафе, другарски, не се погледнувај во огледало, да ја поправаш фризурата, да го вовлекуваш стомакот и да поверуваш дека дојде мачката до вратата.

Таа дознала дека си се вљубил. Или те видела со неа, некаде во некојн бар. Таа те видела во автомобилот, и нејзината распуштена коса на седиштето на твојот автомобил, за кој таа мисли дека засекогаш ѝ припаѓа на неа. Таа слушнала дека повторно си среќен, и ѝ рекле дека сте убава двојка и совршено се дополнувате, и таа која те каснала за срцето, тоа не може да го издржи. Таа не може да поднесе дека си ја преболел.

Зотоа те навикува. Затоа што не може да верува дека повеќе не си тука, на дофат на рацете.”

Затоа што имаш свој живот.

Поранешната нема да ти се јави ако си несреќен, во проблеми, очаен, сам и губитник. На поранешната ѝ се прошируваат очите на твојата среќа – те вика за да се натпреварува со онаа која дошла по неа. Бидејќи, таа верува дека сето тоа е за неа, лук и вода, затоа што ти си нејзиното вечно освоена територија. Ти си она што таа подразбира, она на што таа обично не мисли, сѐ додека не се појавила онаа која го преземала нејзиното место.

Бидејќи, како што е познато – мажите се љубоморни на претходниците, но жените се љубоморни на наследничките. Значи, кога ќе ти се јави поранешната, не наседнувај. Не ѝ одговарај кога ќе ти се јави. Избриши ги веднаш сите нејзини пораки. Блокирај ги нејзините повици.

Бидејќи, ти не си подобар човек, затоа што таа ти се јавува, туку стана подобар човек затоа што продолжи понатаму.

Мирјана Бобиќ Мојсиловиќ

Овој текст е преземен од Фејсбук страницата AllMe.

 

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...