Темпурата е традиционално јапонско јадење …
Потребно
- 400 гр свежи ракчиња
- 400 гр разновиден зеленчук (пиперки, кромид, букавка, тиквички и сл.)
- 250 гр пченично остро брашно
- 250 гр пченично меко брашно
- 1 прашок за пециво
- 2 белки
- 700 мл многу ладна вода
- масло за пржење
- 1 лажица мелен сув зачин
За сервирање
- сос од соја
Подготовка
- Ракчињата ставете ги кратко за замрзнувач, а потоа исчистете ги од оклопот.
- Зеленчукот и печурките измијте ги убаво, исушете ги и исечете ги на стапчиња (на пиперките излупете има ја кожата).
- Ставете го брашното во подлабок сад, додадете го и прашокот за пециво и измешајте. Додадете ги белките и ладната вода и со маталка убаво изматете да добиете течно глатко тесто. Тестото кратко ставете го во фрижидер.
- Во далбока тава убаво загрејте го маслото. Зеленчкукот посипете го со мелен сув зачин и измешајте.
- Со рака земајте од зеленчукот, потопете го во тестото и ставете ги во врело масло да се пржат. Истото направете го и со ракчињата.
- Испржениот зеленчук и ракчиња извадете ги од маслото со решеткаста лажица и ставете ги на кујнска хартија за да се впие вишокот маснотија.
- Послужете ги веднаш на топли чинии испрскани со сос од соја.
loading...