Тестенини во сос од печурки

672

За сите љубители на јадења со тестенини и печурки …

Потребно 

  • 25 гр суви печурки вргањ
  • сол, бибер
  • маслиново масло
  • 2-3 чешниња лук
  • 1/2 мало луто пиперче чили
  • 250 гр шампињони
  • 6 гранчиња свежа мајчина душичка
  • 320 гр тестенини, по избор
  • изрендана кора од лимон
  • ситно сецкан свеж магдонос
  • павлака за готвење
  • 1 лажица кисела павлака

Подготовка

  • На маслиново масло пропржете го ситно сецканиот лук. Посипете со сол и бибер и додадете ги печурките исечени на листови. Динстајте ги додека да испари течноста што ќе ја пуштат.
  • Сушениот вргањ ставете го да се вари додека да омекне, исцедете го и иситнете го во блендер. Додадете го во тавата на рингла.
  • Додадете мајчина душичка и динстајте додека да омекнаг печурките. Ако е потребно сипете и малку вода. На крај сипете ги павлаката за готвење и киселата павлака и малку изрендана кора од лимон.
  • Тестенините сварете ги ал денте (не треба да бидат преварени), исцедете ги и сипете ги во сосот. Измешајте, посипете со сецкан свеж магдонос и послужете.
loading...