Тибетска хормонална гимнастика | Вежби на монасите за подмладување на телото | Видео

1368

Оваа гимнастика ја практикуваат тибетските монаси во еден од храмовите. За вежбата се потребни само 5 минути.

Ги поддржува сите ендокрини жлезди кои произведуваат хормони како кај оние на возраст од 25 до 30 години старост.

Оваа гимнастика е многу лесна. Ја правиме во креветот веднаш по будењето. По можност до 06 часот наутро. Оваа вежба е за сите возрасти, особено за постарите лица. За подмладување!

1. Ги триеме рацете. Ги триеме дланките неколку секунди додека не станат жешки. И во исто време проверете го своето биополе. Ако е жешко, тогаш сé е во ред со енергијата, ако е топло, енергијата на биополето е намалена, ако рацете се ладни и влажни тогаш постои сериозно пореметување во телото. Но, без оглед на тоа, правете ја оваа гимнастика, бидејќи таа ќе ви помогне да се ослободите од сите нарушувања и болести.

2. Палминг. Жешките дланки ги ставаме на очната јаболчница (дел од лицето под очите). Притискаме со брзина од 1 притисок за 1 секунда 30 пати. Потоа задржете ги дланките на јаболчниците и држете уште 30 секунди. Ако имате лош вид, задржете ги дланките до 2 минути. Во тој момент, од сите околни рецептори храната се движи кон јаболчница. Видот бавно може да се поправи, ако сте редовни и упорни. Освен видот може да се обнови природна боја на косата.

3. “Ги пумпаме” ушите. Ставете ги дланките на ушите и притискајте ги 30 пати во 30 секунди. Ако на почетокот болат, тогаш хроничната болест е присутна. Може да се појават и симптоми. Особено ако тие биле поврзани со ушите. Не прекинувајте. Продолжете со притискање “понежно” додека не помине болката. Ако станува збор за хронично воспаление на ушите, ќе помине по некое време. Исто така, може да се подобри слухот. Ако сте упорни 6 месеци, ќе поминат хроничните болести. За исцелување на сериозни проблеми потребно е подолго време, од 1,5 до 2 години.

4. Затегнување на лицето. Големиот прст зад увото, рацете стиснати во тупаница и почнете да го затегнувате лицето од брадата до ушите, силно ја притиснуваме кожата на лицето, масираме. Исто така, 30 пати. По оваа вежба, ќе почувствувате прилив на крв во лицето, и лицето може да се испоти. Се подобрува лимфниот проток, се затегнува кожата.

5. Масажа на челото. Десна дланка на челото, левата дланка на непцата. Движење во вид на триење од лево кон десно, 30 движења. Активирање на хипофизата и подобрување на функцијата на синусите.

6. Масажа на главата. Оваа вежба делува на париенталниот дел од главата (теме). “Летаме” со рацете над главата. Правиме прстен од рацете (левата дланка надесно) и 30 пати летате над главата напред – назад, а потоа лево-десно од едното уво до друго 30 пати. Главата треба да биде малку подигната. Оваа вежба го нормализира и високиот и нискиот притисокот. Го подобрува движењето на рамените зглобови. Мускулите на раката се зацврстуваат. Со текот на времето, болките во рацете исчезнуваат. И ако порано не сте можеле да ги кренете рацете, наскро ќе можете тоа да го сторите со леснотија.

7. Масажа на тироидната жлезда. Десната рака ја ставаме на тироидната жлезда, левата рака на десната страна. 30 пати со левата рака правиме полусфера од грлото до крајот на стомакот, како да ги масиравме енергетските центри, 30 пати. Конечно, ставете ја левата рака на десната страна и задржете ја неколку секунди.

8. Абдоминална масажа. Ги спуштаме рацете на стомакот. Десната долу, левата горе, го масираме стомакот по движењето на сказалките, 30 пати. Се нормализира работата на абдоминалните органи, затворот исчезнува.

9. Рацете и нозете нагоре, ги ротираме рацете во рачниот зглоб и нозете во скочниот зглоб 30 пати, а потоа ги протресуваме. Во капиларите се подобрува протокот на крвта, се чистат ситните енергетски канали.

10. Тријте ги стапалата. Нога од нога и со рацете секое стапало. Масираме. Целото стапало, внимавајте какво е чувството, дали има болни точки. Ако постои, масирајте ги повеќе. Посебно внимание на центарот на стапалото, 30 секунди.

И тоа е тоа!

Вера Чешева

loading...