Тиквички – вкусни, здрави и корисни

727

Тиквичките се вкусни, а содржат и многу корисни и здрави состојки. 

Вистинска ризница се на манган, магнезиум, калиум, како и ретки минерали на фосфор и бакар. Исклучително се богати со витамините А, С, В2, растителни влакна и фолна киселина.

Минералот магнезиум е важен во превенција за срцеви и мозочни удари. Заедно со калиумот го регулира крвниот притисок.

Антиоксидансите, витаминот С и бета-каротенот го намалуваат ризикот за добивање на артериосклероза. И сите тие хранливи материи ги поседуваат тиквиците.

Освен тоа, тие делуваат благотворно и на органите за варење, бидејќи поттикнуваат празнење на цревата, а со тоа вршат детоксикација.

loading...