Тинејџерите по природа се себични и тоа е добро

1851

Според новото истражување спроведено во Универзитетот Колумбија во Њујорк, процесот во мозокот кој кај тинејџедрите предизвикува себичност и насоченост кон сами себе исто така, е одговорен за зајакнување на можностите за учење.

Во истражувањето учествувале 41 тинејџер и 31 возрасно лице. Истражувачите им ги скенирале мозоците во време додека извршувале одредени задачи со учење и откриле дека во мозоците на тинејџерите има „сигнал за награда“, кој е предизвикан со пронаоѓање на задоволство  и погаѓање точни одговори, поврзан со делот на мозокот кој управува со помнењето, што не е случај кај возрасните. Всушност, кај тинејџерите анализата покажа зголемена активност намозокот во хипокампусот, каде се наоѓаат центрите за помнење.

– Она што можеме да го извлечеме од оние резултати не е дека тинејџерите општо гледано имаат подобро помнење, туку дека начинот на помнење е поинаков, изјави професорот Дафна Шохани, кој го водеше истражувањето.

– Со спојувањето на двете работи кои не се сами по себе поврзани можно е дека адолесцентскиот мозок се обидува да изгради побогато разбирање на својата околина за време на важните фази во животот. Адолесценцијата е време на развој на независност па се поставува прашањето што мозокј  би правел во тој период ако не да стави во пета брзина, изјави професорот Шохами.

loading...