Тип на мајки по хороскопски знак

4620

Ѕвездите откриваат различни особини за нашиот карактер, личноста, ни покажуваат на кои полиња најдобро можеме да се оствариме, ни зборуваат со кој друг хороскопски знак најдобро се согласуваме и многу повеќе.

Каде ни се наоѓа Сонцето во наталната карта, во која куќа и знак, ни опишува на кое животно поле сакаме да блеснеме, да се реализираме себеси и да се докажеме како поединци, покажува колкаво ни е егото и колку копнееме за остварувања и признавања. Сонцето е нашата суштина, па знакот во кој се наоѓа нашето Сонце најдобро го опишува нашето јадро и како ги остваруваме нашите желби и цели, како и каква е нашата волја и во која насока не води.

Бидејќи Сонцето е нашата суштина, во продолжение на текстот прочитајте каков е секој Хороскопски знак како мајка, како го доживува мајчинството, како се однесува кон децата, како ги воспитува и на што ги учи, но и други важни карактеристики.

loading...

Image result for Type of mothers by zodiac sign

МАЈКА ОВЕН

Раководени од Марс, ќе се справите со секоја пречка со која се соочувате, победувајќи девет од десет пати. Кога станува збор за мајчинството, овој борбен дух значи дека ваш приоритет е децата да го добијат најдоброто од сè – образование, здравствена заштита, храна, облека, работа. Бидете внимателни: вашата огнена природа може за миг да ве претвори од забавно-натпреварувачки дух во вистинско чудовиште.

МАЈКА БИК

Вашата одговорност со финансии и општиот пристап на нетолерирање глупости им дава на вашите деца основно чувство за стабилност, а вашата способност за организирање ќе создаде импресивно надарени потомци. Сепак зад маската на супермама всушност вие стоите цврсто на земјата. Затоа вашата мисија нека биде да воспитувате со рака која истовремено е и мека и цврста.

МАЈКА БЛИЗНАЦИ

Мозокот на мајките – близнаци никогаш не се исклучува благодарение на нивниот интелектуален владетел Меркур. Соодветно на ова, ваш приоритет е образованието на вашите деца. Потрудете се да не бидете контрадикторни: ако на вашите деца сте им кажале дека не треба да користат пцовки немојте и вас да ви се испушти некоја, бидејќи вашите супер љубопитни деца ќе се огледуваат на вас … и ќе добијат прилично измешани пораки.

МАЈКА РАК

Игравте со кукли до вашиот 14 -ти роденден и избравте имиња за бебињата уште пред пубертетот. На кратко вие сте негувател по природа. И сега кога конечно сте мајка, очигледно е дека совршено ја играте таа улога. Ги имате најдобрите закуски, совети и бескрајна емпатија што ќе направи вашите деца најпрво да се обратат кај вас за совет. Немојте премногу да ги приврзете за себе и да бидете премногу заштитнички настроени, зошто ако пораснат во невидлив балон вас ќе ве обвинуваат за тоа подоцна.

МАЈКА ЛАВ

Динамичен и кралски, лавот е највозбудливиот хороскопски знак кога станува збор за мајчинството. Од најразлични игри, посета на игралишта и дополнителни спортски активности после часови вашата нескротлива енергија се префрла на вашите деца, оставајќи ги здрави, среќни и заспани како исцрпени мали ангели. Вашиот владетел – Сонцето, прави постојано да се чувствувате како да сте во центарот на вниманието, што може да се пренесе и на вашите деца и да направи да се чувствуваат недоволно добри. Не ги притискајте премногу напорно: и без оглед на тоа што не се добри во фудбалот, потсетете ги дека се прекрасни.

МАЈКА ДЕВИЦА

Бидејќи учењето е вашата верзија на релаксација, вие сте во основа движечки правилник на сопствени пропишани правила за воспитување. Животот на вашите деца е уреден и по план, но сепак имаат многу време и за игра и забава (знаете колку е важна играта, затоа што сте го прочитале тоа во неколку книги). Само осигурајте се дека вашите перфекционистички тенденции не ги пригушуваат вашите деца.

МАЈКА ВАГА

Мајчинството за вас е континуирано балансирање – што значи дека сте прекрасен родител и животот ви е исполнет со бескрајни семејни одмори и тивки викенди, но треба да се потрудите и да најдете време и за себе. Не дозволувајте стравот од соочување да ве оттргне од соодветната дисциплина. На децата треба да им се кажува не, без оглед колку се симпатични нивните мали крокодилски солзи.

МАЈКА СКОРПИЈА

Домашното блаженство е сѐ што навистина ви треба за да бидете среќни. Но вашата посветеност кон семејството и вашето одбивање за компромис, ве растргнува и може да ве направи вистински неподнослива личност одвреме-навреме. За среќа како владејачки знак за регенерација, вие сте експерт во полнење на батериите, па затоа издвојте малку време за себе и оставете ги децата овој викенд кај баба и дедо. Знаеме – тешко е да се оддалечите од преслатките бебиња, но ви треба одмор повеќе отколку што вообичаено им е потребно на луѓето.

МАЈКА СТРЕЛЕЦ

Раководени од Јупитер – планета на изобилство, вие сте целосно забавна мајка. Појадок за вечера? – Да! Играње во дневната соба? – Може! Мотото на вашето мајчинство е “Секогаш понесете ги децата каде и да одите”, што доведува до тоа да бидат многу повеќе изложени од нивните врсници. Само осигурајте се дека вашата спонтаност не им пречи на рутините на вашите деца. Рутината е многу важна, особено кога децата се помали.

МАЈКА ЈАРЕЦ

Вашата ДНК е програмирана вие да бидете главниот двигател (а не сопругот) во воспитувањето на децата. Вашиот почит кон традицијата ќе направи децата да имаат врвни манири (почит кон постарите, соодветно однесување на маса итн.), а во исто време да ја почитуваат старомодната традиција дека семејството е секогаш на прво место. Меѓутоа не дозволувајте премногу строгото воспитување да влијае на забавата со семејството. Затоа олабавете го вашиот став и дозволете понекогаш да направат неред или одложете го времето за спиење кога братучедите се на гости – повремените отстапки се во ред и оправдани!

МАЈАКА ВОДОЛИЈА

Благодарение на знакот на вечна младост, вие сте предодредени да бидете “кул мајка” со боемски дух и симпатични мали деца кои трчаат боси низ дивината. Бидете претпазливи на вашиот владетел, Уран (планета на ненадејни потези) и продолжете да бидете постојани во вашиот стил на воспитување. На децата сепак им е потребна некаква рутина.

МАЈКА РИБИ

Емоционален воден знак кој истовремено е и нежен и жестоко заштитнички. Овие карактеристики ви помагаат да израснете деца со голема самодоверба што ќе ги однесе далеку во животот. Еден совет за мудрите мајки риби: солзите понекогаш се неизбежни, но вие треба да бидете утешител на вашите деца, а не да барате утеха – покажете сила пред нив.

 

 

 

 

 

 

 

 

loading...