„Токсичен подарок за Македонија“ | Еве кој го труе Скопје! Навистина треба да се замислиме

1276

Градските власти очајнички се обидуваат колку-толку да ја ублажат ситуацијата со енормната загаеност на градот Скопје.

Најнови мерки се забраната за градежни активности, ограничување на доставата на стоки до 7.30 часот наутро, како и бесплатен автобуски превоз.

Сепак, како што во неколку прилики истакна градоначалникот на град Скопје, потребни се системски и долгорочни мерки, како и откривање на вистинските причини за загадувањето.

Денес, на социјалните мрежи се појави интересен статус, кој пренесува информација од угледниот портал theguardian.com.

Прочитајте го статусот на Инес Ефремова:

“Токсичен подарок за Македонија“ пишувале британските медиумии уште во 2001-ва.

Ете, полека почнува да се разрешува „мистеријата“ на загадувањето. И да се потврдува дека не е ниту сообраќајот, ниту греењето, туку горењето на токсично ѓубре од цела Европа, за кое власта и нејзините другарчиња земаат дебели пари, а ние умираме.

Имено, британската Влада во 2000-та ни „поклонила“ согорувач за медицински отпад кој не е ги задоволува ЕУ стандардите и не пружа заштита од отровите при согорувањето. Овој согорувач не ги филтрира гасовите и токсините кои предизвикуваат рак и бројни други пореметувања.

„Ова е едно од најлошите подметнувања на лоша технолигија маскирано како подарок кој сум го посведочил во источна Европа“, рекол Adam Ostrowski, експерт за менаџирање на токсичен отпад.

Велевски Ѓорѓи, менаџерот на Дрисла, каде што се користи овој согорувач, тогаш изјавил дека НЕ ги купиле деловите кои би биле филтри затоа што чинеле 200.000 фунти, а тоа било прескапо. 200.000 МОЧАНИ ФУНТИ БИЛЕ ПРЕМНОГУ, НЕКА УМИРАМЕ. Патните трошоци им се толку. Тажните врби во Вардар коштаа повеќе!

Влада на Република Македонија, Петре Шилегов до кога ќе не’ лажете со бесплатен превоз, оданочувате со акцизи и УБИВАТЕ, додека истовремено и вие ги штитите и профитирате од трујачите како претходната власт?

Луѓе мои, до кога бе ќе ги трпиме? Не стварно, до кога? Ширете ја информацијава и ајде да се организираме. Живот е во влог.”

„Токсичен подарок за Македонија“ пишувале британските медиумии уште во 2001-ва.Ете, полека почнува да се разрешува „ми…

تم نشره بواسطة ‏‎Ines Efremova‎‏ في 9 يناير، 2018

galama.club

loading...