Том Харди | Не сум секс симбол, имам криви нозе и заби

1490

Холивудскиот актер Том Харди (39) не знае да прифати комплимент, бидејќи  му е непријатно кога ќе го наречат секс симбол.

– Имам неразвиени раце, криви нозе и заби, а исто така „си раснам и стомаче“, изјави Британецот.

Актерот, кој ја сними историската хорор серија „Табу“ со режисерот Ридли Скот, тврди дека повеќе му се допаѓаат несовршени тела, бидејќи имаат повеќе карактер, па не полага внимание на холивудските критериуми за убавина.

loading...

Тој неодамна го критикуваше и изборот на глумци за „супер-херои“.

– Апсолутно сите изгледаат како да се на веганска диета и постојано се во фитнес-центар. Изгледаат како да тренирале со маринци, а секогаш се со морална вертикала и живеат безгрешни животи. Тогаш ги ставаат во ситуација во која мора да се борат против некоја опасност – која воопшто не е опасна, одговори глумецот кога го прашаа зошто одбива улоги на супер-херој. Тој вели дека таквите улоги ги смета за бескрајно здодевни.

– Позабавно ми е да играм анти-јунаци, вели Том Харди.

loading...