Топ три совети за убав сон на вашето бебе

758
Booking.com INT

Бебињата ја сакаат секојдневната рутина на која навикнале, но сепак некогаш таа рутина се нарушува. 

Bitcoin Exchange CEX.IO

Бебињата мирно спијат во нивните креветчиња, но кога ќе излезат од нивната секојдневна рутина, може да се случи да не можат да заспијат. Тоа е многу нормално за малите бебиња, кои копнеат по секојдневна рутина на која навикнале.

Сепак повремено е добро да има промена на времето и опкружувањето во кое спие бебето, затоа што така полесно ќе можете да заминете на идните патувања или ќе го подготвите за некои ситуации, во кои детето нема да може да спие во неговото креветче и во строгата тишина.

Следуваат неколку начини како да му олесните на бебето да се пролагоди на новите опкружувања и патувања.

Не комплицирајте

Најдобро би било дома да ја пробате рутината, што сакате да ја имате кога ќе одите на патување. Сменете го времето на доењето или дадете му на детето шише во друго време. Ако бебето навикнало само на вас, неколку вечери нека го успива партнерот.

Пробно возење

Ако планирате бебето да спие во преносно креветче или да јаде во седиште за автомобил, на кое не е навикнато, потребно е една недела порано во детската рутина да ги вметнете овие новитети. Бебето неколку дена нека спие во креветчето кое ви е наменето за патувањето. Доколку на патувањето планирате промени во исхраната на детето, потребно е на време да го подготвите за тоа. Ако бебето е доволно големо за дохрана на време понудете му ја нова кашичката, за да ја видите неговата реакција.

Осигурете го детето со нешто познато

Промените се навистина добри, но на малите деца добро ќе им дојде и нешто познато за да ги смири. Тоа може да биде омиленото ќебенце, играчка или музика која ја слуша пред спиење.

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...