Топ 5 земји во светот со најдебело население

521

Еден од најдобрите показатели дека начинот на живот и исхраната на припадници на некои нации не треба ниту најмалку да се угледаме, е официјалниот статистички процент на дебелите жители на планетата по етничка припадност.

Листата на која особено се интересни пет држави со највисок процент на дебело население, создадена е со помош на BMI индекс на телесната маснотија. Како изгледа редоследот, проверете во продолжение на текстот.

5. Грција
Топ 5 најдебели нации ја започнуваме со Грција која и покрај големата историја и негувањето на културното наследство на Олимписките игри како најстара голема спортска манифестација, со своите 21,9 отсто дебело население, е меѓу најдебелите народит на светот.

4. Словачка
Уште една европска земја по Грција се најде меѓу најдебелите нации во светот. Словачка сега има огромни 22,4 проценти од луѓето со индекс на телесни масти повисок од нормалните.

3. Велика Британија
Листата на европските земји меѓу најдебелите ја затвора Велика Британија со 23 отсто од населението кои живеат и се хранат потполно на погрешен начин, што може да се забележи по нивото на масните слоеви.

2. Мексико
Можеби делува чудно на луѓето од другите делови на светот, но Мексико има второ по дебелина население на земјината топка. Процентот на дебелите во оваа прекуокенска земја изнесува 24,2 проценти.

1. САД
Нација која, за жал, има далеку најсилно влијание во светот и чии стилови на живот и исхрана, повеќето од другите луѓе со задоволство преземаат, е далеку најдебелата нација во светот. Огромни 30,6 проценти од луѓето во САД се со прекумерна тежина, што автоматски покажува дека ова е една од најнездравите нации во светот.

loading...