Торта од ќебапи | Видео

1403
Booking.com INT

Состојки. Неопходно е:

Bitcoin Exchange CEX.IO
  • 1 кг ќебапи
  • 2 компир средна големина
  • 2 јајца
  • 150 гр младо сирење
  • 150 ml павлака за варење
  • сол
  • бибер
  • сув растителен зачин
  • 150 гр кашкавал

Компирорт да се изренда, додадте сол и бибер. Јајцата да се изматат па додадете ја павлаката и изгмеченото младото сирење, посолет по вкус.

Ќебапчињата ставете ги во круг во калапот. Ако се повисоки од садот врвовите исечете ги со нож.

Потоа ставете половина од ренданиот компир на дното од тепсијата, а врз него ставете ги ќебапчињата и исечените парчиња од нив.

Повторно ставете од ренданиот компир, па ќебапчињата и пак прелијте ги со преливот, ставете малку бибер, покријте со фолија.

Печете во рерна на 180 степени 60 минути.

Пред крај на печењето извадете од рерната посипете од ренданиот кашкавал и оставете да се растопи во исклучена рерна.

Уживајте во вкусот. Пријатно!

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...