„Тојота“ за три години планира да промовира 10 електромобили

769

„Тојота“ планира до 2020 година да ја збогати својата палета со 10 модели на целосно електрични возила, што говори за се посериозниот пристап на јапонскиот производител кон овој автомобилски сектор што е во подем.

Корпорацијата „Тојота Мотор“ засега во своите понуди нема автомобили со чисто електричен погон, туку само хибридни возила.

Извршниот потпретседател на компанијата Шигеки Тераши изјави дека електромобилите на „Тојота“ пред се ќе бидат понудени на пазарот во Кина, која ја поддржува електромобилската индустрија со субвенции и други слични мерки. Потоа, електричните „Тојоти“ ќе се најдат и во Јапонија, Индија, САД и, секако, во Европа.

Related image

Се очекува до 2025 година секој модел на „Тојота“ да има своја електрична или хибридна верзија. Целата инвестиција ќе чини 1,5 трилиони јени (околу 13 милијарди долари).

Овој автопроизводител минатата недела најави и основање заедничка компанија за производство на автомобилски батерии со јапонскиот технолошки гигант „Панасоник“.

„Тојота“ денес продава околу 10 милиони возила годишно ширум светот.

 

 

loading...