Трамп и Путин со честитки до пријателите и непријателите

931
путин и трамп

Трамп им честиташе Нова година на сите, дури и на своите непријатели.

Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп им упати новогодишна честитка на своите следбеници на Твитер и на своите пријатели, но и непријатели.

– Среќна Нова година на сите, вклучувајќи ги моите бројни непријатели и оние кои се бореа против мене и беа тешко поразени, напиша Трамп на својот налог на Твитер.

loading...

– Тие едноставно не знаат што прават, додаде тој.

Трамп својата порака ја заврши со зборовите „љубов“.

Трамп за Нова година ќе подготви прослава за повеќе стотици гости во својот Мар-а-Лаго клуб во Палм Бич на Флорида.

Путин: 2016. беше тешка, но ветувачка

Рускиот претседател Владимир Путин изјави денеска во новогодишната порака до граѓаните на Русија дека 2016 година била тешка, но ветувачка и ги повика Русите да веруваат во земјата и да останат единствени.

– Изминатата година беше тешка, но тие тешкотии ни овозможија да се обединиме, рече Путин во пораката, која вообичаено се објавува на полноќ, но нејзината содржина е веќе позната на Далечниот Исток.

Важно е да веруваме во себе, во нашите способности, во нашата земја. Работевме успешно и постигнавме многу, посочи тој, поздравувајќи ги особено, оние кои се далеку од дома, како руските војници во Сирија.

– Имаме огромна земја, уникатна и прекрасна, рече Путин, изразувајќи надеж дека Новата година ќе донесе мир, стабилност и благосостојба.

loading...