Тренер за живот или life coach

638

Замислете дека имате некој, кој ќе се грижи за вашиот љубовен живот, финансиите, кариерата, здравјето, за она, што мислите дека излегува надвор од Вашата контрола.

Свесни сте дека треба да барате зголемување на платата, да одите до вашиот стоматолог, да ја стабилизирате вашата жиро сметка, но од ден на ден ги одложувате тие “непријатности”. Кога личната совест, советите на загрижената мајка или разбирањето на партнерот не се доволни да се покрене акција, се отвора можност да се ангажира животен тренер или советник.

Професија која до пред неколку години практично не постоела а денес важи за угледна професија.

Животниот тренер е делумно ментор, делумно терапевт, кој ви помага да разберете, не само тоа што сакате, туку и како да дојдете до него.

Благодарение на бројните техники советникот го поедноставува вашиот живот, ви помога да мислите поинаку, да го завршите процесот на растење на зрелоста, и конечно, но не и помалку важно – да ви помогне да добиете повеќе пари, време и вештина, да ги идентификувате причините за незадоволство, целите во животот и поддршка во остварувањето на овие цели.

За разлика од психотерапијата не мора да се работи по принципот очи во очи, туку животниот тренер ги дава своите услуги преку e-mail адреса или по телефон. Сеансите се пократки и поевтини, но затоа почести, а понекогаш речиси секојдневни.

Што е тоа што животниот тренер може да ви обезбеди, а што не може да се добие од пријателите и семејството?

Една од многуте причини е тоа што тие, за разлика од пријателите и семејството, се секогаш искрени и пред се објективни, дури и во ситуации каде што треба да ви се каже непријатна вистина.

loading...