И по триесет и две години не е разрешено убиство на “заштитничката на горилите” | Фото/Видео

1507
Booking.com INT

На 26 -27 декември 1985 година беше убиена Dian Fossey, американски зоолог кој го посвети својот живот во заштита на горилите во џунглите на Африка. Нејзиниот убиец никогаш не бил откриен, иако нејзиниот живот бил прилично чуден.

Bitcoin Exchange CEX.IO

До ден-денес не е откриено, кој брутално ја убил Dian Fossey во текот на ноќта од 26 на 27 декември 1985. Сторителот очигледно бил полн со бес на американскиот научник: со мачета ја исекол по главата и лицето. Таа беше пронајдена следното утро во својата колиба во ридовите на планината Virunga во Руанда и таков ѕверски акт редовно сведочи за личните мотиви на сторителот кој сакал да се одмазди на жртвата.

Мора да се каже дека оваа “заштитничка на горилите” во претходните години едвај се здобила со мал број пријатели од локалното население. Таа неуморно се борела против ловокрадците кои се заканувале за опстанокот на планинските горили. Во седумдесеттите години на минатиот век останале едвај двестотини од горилите низ целата планина на границата на Руанда, Уганда и Демократска Република Конго – тогаш земјата сѐ уште се викала Заир.

Рака на срце, ловокрадците ретко настојувале да фатат токму горила, но тие обично биле фатени во стапиците кои биле поставени за антилопите или дивите говеда. И покрај тоа, горили имало сѐ помалку, а американскиот зоолог бил убеден дека веќе во 21от век воопшто нема да ги има- ако некој не застане во нивна одбрана. И тоа со речиси сите средства, вклучувајќи и драстични методи. Убаво е да се зборува за зачувување на видот и за долгорочни планови, но ако не се дејствува сега и овде, ништо нема да остане што ќе може да се штити. Затоа од зборови, авторот на популарната книга “Gorillas in the Mist”, по која е снимен и филм – преминала на дела.

Дипломатијата не е нејзина посилна страна

И фондацијата која таа ја основала, Dian Fossey Gorilla Fund International, на својата веб страница ги спомнува “необичните методи” кои таа ги прифаќала. Таа пак ги нарекувала само “активна заштита на видот”, така што ловокрадците ги плашела со ужасни маски кои ги поставувала во џунглата, нивните стапици ги горела, а добитокот на локалните фармери ги полевала со боја за да ги премисли од намерата нивните стада воопшто да престојуваат во националниот парк.

На веб-сајтот на нејзината фондација се признава дека “оваа тактика не беше многу популарна кај домородното население кое често мораше да се бори за да преживее”. Денес, сите организации на еколозите дошле на идеја, дека заштитата на видови животни е можна само ако за тоа се придобие локалното население и тоа да сфати дека ќе има повеќе предности. Но, во нејзино време и Dian Fossey беше убедена во други методи.

“Ова значи војна”

Нејзината цел првенствено беше да ги заштити горилите од локалното население, како и да е. Насилството ескалираше уште повеќе кога Fossey 1977 година дознала дека е убиен нејзиниот горила-миленик, Дигит. Овој мажјак ги заштитувал другите горили во групата, па не им беше нешто омилен на ловокрадците. Еден ден, американскиот научник го најде неговото тело со отсечена глава и раце, за да ги продадат како трофеи – само по неговиот сребренест грб можела да утврди дека тоа е телото на Дигит.

Тоа за Dian Fossey беше знак дека започнала војна со ловокрадците. Сега и тие самите биле цел на нејзините напади и сето она што некој ќе го направел на “нејзините” горили, го сфаќала како напад врз неа. Се раширил глас за неа во целиот регион, многумина во неа гледале само огорчена жена, нејзините колеги научници се срамеле кога се поставувало прашањето на нејзиното работење, а и жителите на Африка го омаловажувале и го отфрлале нејзиното дејствување.

Животот за горилите

Сепак, имало и оние кои во Dian Fossey виделе херој и спасител на животинскиот вид кој бил загрозен од исчезнување. Водичот во Националниот парк Volcanoes во Руанда, Francois Birimana лично ја познавал и се восхитувал на она што таа го прави. “Таа беше храбра и правеше работи за кои не се осмелуваа да ги направат ниту локалните власти ниту чуварите на националните паркови”.

Dian Fossey е родена во Сан Франциско во 1932. година и иако живеела во благосостојба, таа претходно имала сѐ само не добро детство. Рано почнала да се интересира за животните, а особено за приматите, а во 1963. година била во Африка во Уганда и за прв пат ги видела планинските горили. Во својата позната автобиографија “Gorillas in the Mist” ја опишува својата фасцинација: “Јас бев импресионирана од нивната индивидуалност поврзана со нивната скромност”.

Само три години подоцна се вратила во Африка за да остане таму до крајот на својот живот и да ја посвети својата кариера на истражување и заштита на тие животни. Во 1967. година, таа во Руанда го основала истражувачки центар Карисоке, лоциран помеѓу вулканот Карисимби и Високе каде живеела до нејзината смрт.

“Осамена жена во дивина”

Локалното население во Руанда, Dian Fossey ја нарече Nyiramacibili – во буквален превод “жена која живее сама во шума”. За да ги испита тие животни, таа морала да најде начин да им се доближи колку што е можно поблиску. А тоа може да успее само ако ја освои нивната доверба и се однесува како што се однесуваат и тие. Така, таа се чешлала, џвакала гранчиња и ги имитирала нивните звуци, дури и во нивна близина се движела на сите четири, како горилата, потпирајќи се на дланките.

Како и да е, таа успеала да дознае повеќе за однесувањето на горилите отколку на некој порано што му успеало. Таа ја истражувала нивната социјална структура, стратегијата за размножување и на крајот личноста на секоја од тие животни што ги запознавала. Но, и во нејзината книга читателите ги предупредува дека човечката раса нема место во нивната околина: “Секој набљудувач е паразит во животниот простор на едно диво животно и мора да му биде јасно дека правата на животните се поважни од човековата љубопитност.”

Бидејќи за неа горилите станале нешто како семејство, тие биле нејзин “дом” – како што и самата признала. Па дури и по нејзиното убиство во 1985. година, таа била погребана на гробиштата на горилите кои самата ги направила, веднаш до нејзиниот омилен горила Дигит. Три години по нејзината насилна смрт, беше снимен филм со Signourney Weaver во главната улога која ѝ донесе светски успех.

Целта навистина е постигната

Всушност, мисијата на Dian Fossey, светската јавност да стане свесна за проблемот со планинските горили, со филмот го постигна тој успех, вели Erika Archibald од фондацијата Dian Fossey Gorilla Fund International. Таа, “во свеста на луѓето низ целиот свет ги донесе планинските горили и ги предупредила на опасноста со кои се соочуваат. Јасно им кажа на сите дека мора да бидат заштитени”, смета Erika Archibald. И тоа трае сè до денешен ден.

Без оглед на тоа дали нејзините методи биле “неортодоксни”, активни или само се обидувала цел свој живот “со глава низ ѕид”, факт е дека денес 480 видови планински горили живеат во Virunga, а 400 од нив во други делови на светот. Така планинските горили се единствените видови на човеколиките мајмуни чија популација денес – дури и расте иако заштитниците на животната средина сѐ уште таа група ја бројат во видови кои се загрозени од исчезнување.

Но, името на убиецот Dian Fossey никогаш не е откриено. Иако е речиси неможно дека никој од локалното население во близина на криминалот не знаел кој е сторителот. Но, таму, за убиецот на “заштитничката на горилите” и денес молчат.

Digit
Dian Fossey holds a mountain gorilla that she nursed back to health. (photo credit: ROBERT I.M. CAMPBELL)

Gorillas Revisited with David Attenborough – Picture shows: Primatologist Dian Fossey observes her favourite Gorilla called Digit
Sigourney Weaver, Gorillas in the Mist: The Story of Dian Fossey
Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...