Три места во домот каде што не треба да се постави огледало | Видео

1988

Огледалата се прекрасни решенија за декорација на домови, бидејќи тие можат да внесат уште поголема светлина во четирите ѕидови, како и визуелно да го зголемат просторот.

Но, многу е важно да знаете дека на огледалата не им насекаде местото. Постојат три локации во секој дом каде што не треба да ставате огледала.

Не ставајте огледала над камин (или на било кое место кое е превисоко)

loading...

Кога ќе го ставите огледалото премногу високо во него ќе се видат лустерот или вентилаторот на плафонот. Наместо тоа, над каминот ставете уметничка слика, а за огледалото најде место на друг ѕид.

Не ставајте огледало во спалната соба

Добриот сон окрепува и ве прави способни за нов работен ден. Последното нешто што ви треба во спалната соба е огледалото. Кати Вебер, експерт за фенг шуи, објаснува дека огледалото е со широки стакла кои рефлектираат сѐ она што се случува во просторот околу вас и се смета за активатор.

Затоа не е погодно за спална соба. Значи, ако сакате да спиете цврсто и мирно, отстранете ги сите огледала од спалната соба, вклучувајќи ги и оние во вратата на гардероберот, големите ѕидови, па дури и на вашата козметичка маса.

Не ставајте огледало спротивно од влезната врата

Постои една лекција од Фенг шуи: според древната кинеска филозофија на дизајнот, огледалото спроти влезната врата ги брка од домот вашите можности и пари. Тоа значи дека ќе морате да работите уште повеќе за да споите крај со крај. Затоа, многу подобро е огледалото да се стави на ѕидот веднаш до вратата.

Совет!

loading...