Три најважни личности кои мора да ги пронајдете во животот

1264

Суштината на животот лежи во поврзаноста со луѓето заради кои учиме нови работи и растеме. Иако секој кој се појавува во нашиот живот со себе носи и лекција која треба да ја научи, некои врски се едноставно многу поспецифични од другите.

“Барам пријатели. Што значи да се припитоми?”

“Тоа е нешто што одамна е заборавено”, рече лисицата. “Тоа значи да се создадат врски …”

“Да се создадат врски?”

“Се разбира”, рече лисицата. “Ти си за мене само мало момче слично на стотици илјади други момчиња. Не ми требаш. А ниту ни јас не сум ти потребна. Јас сум за тебе само лисица, слична на стотици илјади други лисици. Но, ако ме припитомиш, ќе си бидеме потребни еден на друг. Ти за мене ќе бидеш единствениот на светот. Јас за тебе ќе бидам единствената на светот… “ – совршено е објаснето значењето на меѓучовечките односи во “Малиот принц”.

Ова се три вида врски кои неизмерно ќе го збогатат животот на секој од нас

Related image

1. Сродни души

Сродна душа е некој кој во вашата душа се вклопува како дел од сложувалката. Покрај нив никогаш не ви е непријатно, ниту пак имате потреба да се одморите од нив. Тоа не значи дека во тој однос не постои судир или расправија, но тие дискусии доведуваат до зајакнување на врската.

Сродната душа не е задолжителен партнерот, иако луѓето често прво на тоа помислуваат кога ќе го слушнат овој термин. Сродна душа може да биде и мајка, сестра, најдобар пријател или сосед. 😉

2. Вашето огледало

Огледало е личност која ви зборува за работите точно какви што се, без разубавување. Тие ќе ви ја плеснат вистината во лице, дури и кога знаат дека тоа ќе ве боли.

Токму затоа што не ми е гајле за вашите чувства, тие ги зборуваат работите кои на вас остават силен впечаток и суштински ве менуваат.

Тука не се работи за подмолни луѓе чија цел е да ве повредат, туку во основа за чесни луѓе кои не се грижат за било каков стандард, туку, без двоумење ќе ви привлечат внимание, кога ќе почнете да грешите, ако се однесувате недолично и кога се движите во погрешна насока.

Често, се случува дека и вие на таквите луѓе ќе им бидете огледало, и ќе им помагате на сличен начин.

Со нив често ќе се расправате и карате, па дури и покрај тоа што вашата врска може да делува како однос на две лица, кои суштински не си се допаѓаат, под сето тоа е основа на голема меѓусебна љубов.

3. Чувар

Тоа е вашиот ментор, учител и водич. Од нив ја црпите инспирацијата, охрабрувањето и животните лекции. Тоа може да биде член на семејството, тренер, професор на факултет, и многу други слични луѓе. За некои, тоа може да биде и Ганди, Исус или Буда.

Тоа е некој кој ве инспирира секогаш да го давате својот максимум, а колку е подлабока врската со него, сѐ помалку ќе зборувате за секојдневни мали нешта, туку ќе го фокусирате вашето внимание на големи животни вистини.

loading...