Три опасности што се кријат во хотелските соби

1845

Иако постои голема веројатност постелнината во хотелската соба да биде чиста и испрана, може да се случи опасноста, сепак, да се крие под површината.

1. Највалканиот предмет во собата

Бројни истражувања потврдија дека највалкан предмет во хотелските соби е далечинскиот управувач, што може да соддржи ист број микроорганизми како и WC даската.

loading...

Причина е таа што упоравувачот го допира секој, а персоналот на хотелот речиси никогаш не го чисти. На второ место се наоѓа телефонот, односно неговата слушалка.

Пред да употребите некој од наведените предмети, темелно пребришете го со антибактериски влажни марамчиња.

2. Највалканото место во собата

Хотелските соби се пресвлечени со теписи или итисони што на прв поглед изгледаат многу чисто и одржувано. Но, надворешниот изглед всушност е само камуфлажа бидејќи хотелските итисони во себе кријат бројни опасности за вашето здравје.

Имено, сервисите за чистење на теписи оваа површина ја оддржуваат многу површно, што никако не е доволно да ги отстранат сите валканици внесени со чевлите и опасните микроорганизми за вашето здравје, како габички, бактерии и вируси.

Затоа во хотелите никогаш немојте да одите боси.

3. Опасност која демнее од креветот

Тафтабита

Дури и доколку постелнината е чиста, опасноста може да се крие под нејзината површина – во хотелскиот душек. Пред да легнете или да ги извадите своите работи од коферот и да ги наредите по креветот, покренето го „прекривачот и извршете брз преглед на душекот.

Доколку забележите необични, ситни „зрнца“ кои се движат, станува збор за тафтабити. Иако можеби звучи параноично, тафтабитите во хотелските соби не се никаква реткост.

Ако се посомневате дека на вашиот душек се кријат тафтабити, тргнете ги сите работи од собата и веднаш пријавете го проблемот кај хотелскиот персонал.

loading...