Три работи кои само ја привлекуваат несреќата | Кога за ова нема да размислувате, влегувате во нов живот

2417

Секојдневно со себе носиме непотребен животен терет и многу лоши навики кои често нè прават да се чувствуваме празни, несреќни и неисполнети.

За да ја одржиме позитивната енергија која ни е потребна да бидеме среќни, потребно е во животот да направиме мали – големи промени.

Ви претставуваме три едноставни работи од кои морате да се откажете за да бидете посреќни и задоволни:

1. Тежнеење кон совршенство

Совршена работа, совршен брак, совршено семејство, совршено тело … сѐ се тоа цели кон кои стремиме, а всушност не постојат. Иако ни се чини дека тревата во соседниот двор е секогаш позелена, станува збор само за привид.

Ништо околу нас не е совршено и никој нема совршен живот како од филм и затоа е важно да не стремите кон совршенство и уживајте во малите нешта.

2. Негативен став

Психолозите објаснуваат дека негативните мисли и песимизмот значително влијаат на нашето расположение, а според тоа и на нашата среќа. Нашите животи се преполни со негативни настани и ситуации кои често не можеме да ги избегнеме, туку со нив мораме да се носиме, така што дополнителните негативни мисли навистина не се потребни.

Кога следниот пат ќе имате негативно мислење за себе, за својата работа, за бизнис партнерот или за било кој друг животен аспект, застанете и во сето тоа обидете се да ја најдете позитивната страна. Ќе видите дека таа навистина постои.

3. Животот во минатото

Акумулираните негативни чувства најчесто се причина од размислувањата за минатото. Без разлика дали се работи за фразите “да сум барем тогаш …” и “можев …” или пак болка за поранешната врска, работа или начинот на живот, животот од минатото секогаш со себе повлекува негативни чувства на тага, копнеж и разочарување.

За да бидете среќни, многу е важно минатото да се остави зад себе и да уживате во она што е околу вас или на она што допрва ве чека. Минатото не може да се смени, сегашноста зависи од вас и затоа е важно да ја искористите на позитивен начин.

loading...