Трогателно | Момче кое боледува од леукемија ја запроси медицинска сестра која се грижела за него | Видео

612
Booking.com INT

Гидеон Робинсон (5) е момче кое боледува од леукемија, па поради тоа буквално е принуден да расте во болницата во Сан Диего.

Bitcoin Exchange CEX.IO

Разбирливо е да за толку голем временски период и се врзеш за некој од персоналот, а на малиот Гидеон најмногу му се допаднала убавата, мила и секогаш расположена сестра која према него се однесула со посебна љубов. Тој ја викал “Висока Сара”.

Тој одлучил да ја запроси па за оваа пригода направил импровизиран венчален прстен од пластнични цевки од кои пиел сокови и го подарил на малку невообичаен начин.

Оваа необично запросување е снимено со камера, а сигурно ќе ве допре како и сите присутни во оваа здравствена установа.

Детето клекнало и ја отворило виолетовата кутија во која се наоѓал прстенот.
“Се разбира дека можеш да бидеш мој болнички сопруг”, рече сестрата.

Мајката на ова момче посочи дека Сара му помогнала да преживее и да стане маж, бидејќи го поминал поголемиот дел од своето детство во оваа болница.

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...