Трчање на плажа

764

Неизбежната морска активност, трчање на плажа, привлекува се поголем број приврзаници. И тоа не без причина.

Предностите на овој летен спорт се многубројни, со оглед на тоа дека се престојува на свеж воздух, а, истовремено, мускулите се затегнуваат повеќе од вообичаено, бидејќи песокот пружа отпор.

Тоа е причината зашто трчањето на плажа бара поголем напор од обичното трчање. Оние кои имаат болки во колената или колковите, треба да ја избегнуваат оваа активност, бидејќи трчањето по нерамна површина, како што е и песокот, може да ги влоши симптомите.

Најдобро е да се трча во утринските часови кога сонцето се уште не е премногу силно, но нанесувањето млеко за тело со заштитен фактор е задолжително во секое време од денот. Добро е да се стави и капа, за сонцето да не пречи при трчањето. Иако боси нозе звучат примамливо, патики се најбезбедна опција, бидејќи ќе бидете во можност побрзо да трчате, а и не мора да се размислува за камењата и нечистотијаТА која ја исфрла морето.

Некои претпочитаат да трчаат веднаш до брегот, а други по сув и подлабок песок. Изборот е ваш, но треба да се знае дека втората опција е потешка и се препорачува да се искусни рекреативци.

loading...