Туку што родено бебе фрлено во септичка јама | Два дена лежело во ѓубре, а потоа се случило чудо! Фото/Видео

18243

Туку што родено бебе е спасено два дена откако било фрлено во септичка јама која повеќе не се користи, во западна Јава во Индонезија.

Локалното население слушнало плачење на бебето кое било под едно парче од дрво, камења и лисја во дупка што ја користеле мештаните за фрлање ѓубре.

Бебето веднаш било однесено во болница каде што се опоравува. Според еден локален жител, сите плачеле кога го нашле бебето.

“Бевме до таа напуштена куќа и видовме бебе кое немаше никаква облека на себе”, рече еден од мештаните.

Во изјавите за медиумите, локалните жители рекле дека бебето на главата имало лузна, но и дека плацентата ја пронашле во близина, пишува Daily Mail.

Повикана е и плиција која ја претресе целата куќа каде што беше пронајдено бебето, но немаше никој во неа. Засега не е познато дали сопствениците на куќата се поврзани со оставеното бебе.

Полицијата побара да се направат ДНК тестови за да можат да ги пронајдат родителите на бебето.

loading...