Тунел од книги во кинеска книжарница

578

Студиото „Икс-Ел – Мјуз“ од Шангај осмисли оригинален проект – тунел од книги во една кинеска книжарница.

Полиците со книги се поставени така што допираат до таванот во полукружен облик и се рефлектираат на подот под нив. Сето тоа претставува емитација на вода, а дизајнерите на продавницата на книги биле инспирирани од локацијата на која се наоѓа таа, како и од мостовите во форма на лаци.

– Во минатото, водени од водата, многу писатели и поети го посетувале ова место и се собирале тука. Мостовите биле клучен фактор на културата и трговијата, а тука книжарницата е поставена како врска меѓу луѓето и книгите, соопштија дизјанерите.

Интересно е и дека овој „тунел” на својот врв има форма која потсетува на црна молња што го пресекува таванот.

loading...