Турски готвач стана хит на социјалните мрежи | Видео

853

Деновиве на социјалните мрежи се шири видео запис на младиот турски готвач Нусрет Ѓокче, на чии вештини, изглед и став малкумина можат да одолеат.

Ѓокче стекна својата светска слава, кога по бројот на прегледи на неговите слики на „9-ГАГ“ го надмина и Бруно Марс.

На Инстаграм тој има милион следбеници, а неговите видеа имаат речиси еднаков број прегледи.

loading...

Ѓокче веќе подолго време и е познат на турската јавност поради својот ланец елитни ресторани, каде ѕвездите од турскиот џет-сет се редовни посетители.

Тој има над 400 вработени, а неговото богатство, како што пишуваат турските медиуми, се проценува на неколку милиони.

Во една прилика, тој изјави дека работи 18 часа дневно и дека никогаш не земал слободен ден.

loading...