Уапсени 16 лица во истрагата за ограбувањето на Ким Кардашијан

563

Француската полиција утрово уапси 16 лица во Париз и во други градови на Франција, во рамки на истрагата за грабежот на американската старлета Ким Кардашијан, што се случи во октомври во францускиот главен град.

Како што јави дописникот на МИА од Париз, акцијата била спроведена истовремено во Париз и во јужниот дел на Франција, како резултат на неколку неделна истрага по анализата на ДНК трагите оставени на местото на грабежот.

– Една од трагите не одведе кон лице познато на полицијата за дела на грабеж и други кривични дела и се смета за голем бандит, изјави анонимен полициски извор.

Во ноќта меѓу 2 и 3 октомври минатата година 35-годишната Кардашијан, беше беше ограбена во луксузен хотел за време на нејзиниот престој во Париз, од страна на вооружени мажи, кои и украдоа накит проценет на девет милиони евра, откако претходно ја врзале. Ова е најголемата кражба на накит од едно лице во Франција во последните 20 години.

При нивното бегство, на крадиците им испаднал еден привезок со дијаманти во вредност од околу 30.000 евра, кои и припаѓал на Кардашијан. Скапоцениот камен, пронајден на улица во близина на местото на грабежот неколку часа по грабежот, им беше предаден на истражителите.