Уживајте во родителството не заборавајќи дека го трасирате животниот пат на вашето дете

10800

Секојдневните обврски дома и надвор од него понекогаш знаат да предизвикаат нервоза, замор, лутина, стрес и други негативни емоции што често пати се рефлектираат на вашето слободно време и пречка во уживањето во една од најубавите и најзначајните работи во животот – родителството.

Застанете на миг, погледнете во вашите деца, тие нека ве инспирираат, следето го срцето но и разумот имајќи во предвид дека го трасирате животниот пат на вашето дете…

Слушајте го детето кога зборува

Гледајте во него и слушајте кога зборува. Оставете ги обврските и внимателно слушајте кога вашето дете ви зборува за нешто што нему му значи. Кажете му “одлична приказна” или “благодарам, убаво што и кажа на мама” и слично. Ако го слушате малото дете поставувате важни стандарди и покажувате дека е важно тоа што има да каже.

loading...

Пофалете го вашето дете за добро сторена работа

Тоа е толку едноставно, а исто така многу моќно! Ако ја среди собата, не гледајте што не направило, туку пофалете го првиот обид со “навистина се потруди, одлично.” А потоа, ако има нешто да се подобри, заедно направите го тоа. Важен е напредокот, а не е совршенството!

Читајте повторно иста книга

Малите деца често пати сакаат исти цртани филмови и исти книги. Доколку имате повозрасни деца, играјте иста игра, но без притоа да негодувате. Поентата е во тоа да се препуштите на нивните желби и уживате во истата работа. Така тие ќе научат да се грижат за другите.

Направете посебен појадок

Со добар појадок започнува прекрасен ден. Ако секогаш ги јадете истите работи, еднаш направете нешто посебно, нешто што вашето дете сака да јаде. Можеби тоа ќе бара малку порано да станете наутро, но така ќе покажете дека се грижите за него и дека понекогаш е убаво да се прават убави работи за некого без причина.

Оставете го фотоапаратот, мобилниот телефон и само бидете присутни

Живееме во време на постојано фотографирање, снимање на видео, и “закачување” на Фејсбук и Јутјуб. Тоа е убаво и интересно и сигурно ќе биде убав спомен но притоа забораваме да го живееме моментот. Запомнете дека има сеќавања кои засекогаш остануваат во меморијата на детето а фотографијата е само просто сведоштво дека некогаш нешто се случило. Без опседнатоста да го фатите моментот на фотографија, верувајте дека целосно ќе уживаат во моментот и ќе создадете незаборавни мигови.

Слободно плачете

Животот носи подеми и падови и децата тоа треба да го знаат, не воздржувајте се да заплачете. Никој не треба да ги сокрива солзите. И тоа е дел од родителството.

Смејте се повеќе

Дали се смеете? Смеата е најдобриот лек. Секогаш смејте се, без причина, заедно со децата. Се разбира дека животот е тежок и полесно е да се најде изговор за лелекање, но обидете се да се пронајдете радост и смеа во сè. А децата нека ве видат како се смеете и ќе прераснат во среќни луѓе.

Направете сопствена семејна традиција

Дочекајте го секој роденден на полноќ претходниот ден, красете ја новогодишната елка заедно, одете секоја година на истиот датум на семеен ручек, направете пица или палачинка забава со првиот снег … Ова се некои од примерите, можете да направите свои. Овие се моменти за уживање и паметење.

Не плачете по истуреното млеко

ука мислиме на сите оние моменти на излевање различни состојки во кујната (сок, млеко, брашно, итн.) по што тоа е обично проследено со викање. Наместо тоа, претворете го настанот во шега, избришете ја нечистотијата зедно и подот повторно за миг ќе биде чист. Ако е моментот многу смешен, снимајте со фотоапарат или камера.

Играјте надвор

Особено со малите деца. Запомнете дека децата брзо растат, затоа уживајте сега во игрите во песок, на нишалка, одење, возење велосипед…

Прегрнете го детето и кажете му дека го сакате

Секој ден. Нека тоа стане вашата рутина и остане и кога децата ќе пораснат. Толку малку време е потребно за овие важни работи!

Подготви педагог Виолета Крстевска Васиќ

loading...