УРАГАНОТ “ИРМА“ НЕ Е НАЈГОЛЕМАТА ЗАКАНА ЗА НАСЕЛЕНИЕТО НА ФЛОРИДА? ЕВЕ КОЈ Е | ВИДЕО

7071
Националниот центар за урагани предупредува дека најлошата штета од ураганот Ирма може да бидат бранови кои би можеле да достигнат височина од 12 метри во некои области на брегот на Флорида.

Тоа не е катастрофалната брзина на ураганот, туку уште еден климатски феномен.

Често, при поминување на ураганот најмногу се памти брзината на ветерот, но вистинската опасност за градовите кои лежат на самиот брег се всушност поплавите, односно ненадејното зголемување на нивото на морето, кое често се случува и пред самиот ураган.

Тој феномен, кој се нарекува ураганска плима, на југозападот на Флорида би можел да го зголеми нивото на морето за 4,5 метри, во зависност од конфигурацијата на теренот, и да предизвика големи поплави.

Ветровите абнормално го покачуваат нивото на морето

Нив не ги предизвикуваат обилните дождови кој го придружуваат ураганот, туку ураганските ветрови, кои ненормално го покачуваат нивото на морето.

Тој воден бран доаѓа до копното и пред самиот центар на ураганот, со што го скратува времето за евакуација.

Кога ураганот Катрина ја зафатил Луизијана во 2005 година, дури 1.800 луѓе ги загубиле своите животи во поплавите.

Гонет со ветрот, водниот бран може да се прелие и неколку километри во внатрешноста, исклучително брзо поплавувајќи ги куќите, патиштата и уништувајќи ја инфраструктурата.

Интензитетот на поплавите е одреден од неколку фактори, како што се силата на ураганот, брзината со која напредува, ширината и нивото на астрономската плима.

Тампа е сега на директен удар

Во случајот на Флорида, опасноста од поплавување се заканува на двата брега.
Ирма досега усмрти тројца луѓе во таа американска федерална држава. Тие загинале во сообраќајни несреќи предизвикани од силните ветришта и дождот.

Ураганот во меѓувреме свртел од главната рута и ќе го погоди западниот брег на Флорида. На нејзиниот директен удар во моментот се наоѓа Тампа.

Мајами е веќе поплавен, а без електрична енергија се околу 1,6 милиони домаќинства.
Околу 6,5 милиони луѓе се евакуирани од Јужна Флорида.

Ирма, најмоќниот ураган во Атлантикот, откако постојат мерењата, претходно ги уништи Карибите и усмртила 25 луѓе на четирите острови, Свети Мартин, Св. Бартоломеј, Ангвила и Барбуда. Поплавен е и кубанскиот главен град Хавана, но засега оттаму нема информации за жртвите.

loading...